Здравје

Еден необичен симптом укажува на проблеми со бубрезите кај децата

Бубрежното заболување претставува краткорочно или трајно оштетување на бубрезите, кое резултира со губење на нормалната функција. Како што објаснуваат лекарите, постојат два вида на оваа болест, односно акутно бубрежно заболување кое започнува ненадејно и хронично заболување на бубрезите. Овој тип болест полека се влошува во текот на најмалку три месеци и може да доведе до трајна бубрежна инсуфициенција.

Двата типа бубрежна болест може да бидат предизвикани од состојби како што се намален проток на крв во бубрезите, како што е дехидратација, загуба на крв или операција, блокада во уринарниот тракт, полицистични бубрези и многу други хронични состојби како што се дијабетес, висок крвен притисок или хронични инфекции на уринарниот тракт. Исто така, нетретирана акутна бубрежна болест може да стане хронична, ако не се лекува.

Симптомите на акутна и хронична бубрежна болест може да се разликуваат од дете до дете, а еден од симптомите многу родители никогаш не би го поврзале со овие состојби. Тоа е исипот. Како што објаснуваат лекарите, исипот настанува затоа што една од главните функции на бубрезите е одржување на соодветното ниво на минерали во крвта, а кога бубрезите не можат да го направат тоа правилно, резултатот може да биде чешање на кожата.

Други симптоми кои може да укажуваат на проблеми со бубрезите кај децата се:

-покачена температура
-крвава дијареја
-повраќање
-стомачни болки
-бледа кожа
-воспаление на очите
-надуеност
-послаб апетит
-болка во коските
-главоболка
-слабост
-повторени инфекции на уринарниот тракт
-уринарна инконтиненција.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top