Ново вирално видео од кинеска градинка кружи на социјалните мрежи и ги воодушевува луѓето. Имено, децата од видеото учествуваат на тренинг за кошарка кој изгледа прилично напорен, но гледачите се воодушевени од леснотијата со која го изведуваат, а да не зборуваме за прецизноста.

Норвешкиот дипломат Ерик Солхајм го објавил видеото на „Твитер“, на кое се гледаат 12 деца како прават синхронизирана и очигледно многу добро тренирана кошаркарска рутина. Тие седат на земја со испружени нозе и со двете раце водат по една топка.
Со движење на нозете во совршен ритам, тие ги контролираат топките со вештини на кои би можеле да им позавидат и професионалните спортисти.

„Леле! Час по физичко во градинка“, го опишал Солхајм објавеното видео.


Луѓето се целосно импресионирани

“Неверојатно! Каде е оваа градинка? Секоја чест за воспитувачката која е одговорна за ова. Сите нека научат и нека го спроведат овој нов пристап”, напишал некој. Некој друг коментирал: „Ова изгледа многу позабавно и поефективно од глупостите што ги правевме во физичкото образование“.

Слични концепти често се користат на часовите по физичко образование за деца во Кина, според Здружението за азиски студии, со очигледно успешни резултати.

Извор



912

X