Образование

Двојно помалку пари за основно образование предвидени во буџетот за 2021 година

Во ставката „проекти во осново образование“ за годинава биле предвидени 10 милиони евра, а за идната се предвидени 2 милиона евра

За образование и наука во 2021 година државата планира да издвои околу 5,5 милиони евра повеќе во споредба со основниот буџет проектиран за оваа година. Ова е предвидено во предлог-буџетот за 2021 година, кој Владата го изгласа и го достави до Собранието. Во предлогот за Министерството за образование и наука се проектирани 27.128.062 илјади денари (околу 441 милион евра). За оваа година предвидената сума изнесуваше 26.785.938 илјади денари (околу 436 милиони евра), а потоа таа бројка имаше промени поради ребалансите.

Стандардно, најголема ставка од буџетот оди за тековни трансфери до единиците на локалната самоуправа, кои потоа ги пренаменуваат за училиштата кои се во нивна надлежност. Оваа ставка е слична како таа за годинава, а за неа се предвидени 16.250.000 илјади денари (околу 264 милиони евра). Прочитајте повеќе на Факултети.мк.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top