Патувањето може да биде возбудливо, но ако вклучува лет рано наутро, не очекувајте двегодишно дете да биде воодушевено. Токму ова го покажува едно урнебесно видео објавено на „Инстаграм“, во кое глуми Арис, мал турист со ранец кој јасно стави до знаење дека не сака рано станување.
Видеото објавено од родителите на момчето го прикажува малото дете како брза низ аеродромот со своите родители за да фати лет за Тајланд. Но, додека неговите родители брзаат, Арис ги влече нозете како да оди на крајот на светот, а не на егзотично патување.
Нему не му пречат толпите или метежот бидејќи единственото нешто што е важно е колку е несреќен што морал да стане толку рано. Со главата наведната кон подот и тешките чекори, Арис оди како секое движење да му е казна. Неговите родители се обидуваат да го развеселат и да го охрабрат да трча со нив, но без успех бидејќи утрото едноставно не е негово време.
Мајката се пошегувала во описот на видеото дека Арис „може да танцува до два часот наутро, но да станува пред осум? Апсолутно не“.