Двегодишната Исла Мекнаб ​​е најмладиот член на „Менса“, најголемата и најстарата меѓународна заедница на високоинтелигентни луѓе во светот. Девојката од Кентаки е 104 години помлада од најстариот член на ова елитно друштво. Според нејзините родители, Исла прилично рано почнала да ги покажува своите јазични вештини.

– Имаше афинитет кон азбуката. Рано почна да кажува различни звуци. Потоа почнавме да користиме едноставни зборови и таа ги пишуваше – изјавил таткото на девојчето, Џејсон Мекнаб.

Кога ги дувала свеќите на тортата за вториот роденден, Исла веќе читала. Нејзината мајка Аманда нашла психолог кој ја советувал да направи тест за интелигенција. Девојчето постигнало 99 бода и станало член на „Менса“.

Исла знае да чита, да пишува, да брои наназад и решава едноставни математички задачи, но и таа е како секое друго дете. Сака да си игра со деца и со нејзината мачка Бугер.

„Честитки до Исла што е поканета во Менса. Таа е очигледно исклучително бистро мало девојче и ние сме воодушевени и среќни што ѝ посакавме добредојде“, рекол Џон Стивенејџ, извршен директор на „Менса“.

„Менса“ е меѓународна организација со само еден услов за членство – резултат на стандардизиран IQ тест поголем од 98% од вкупното население. Со други зборови, за некој да стане член, мора „да покаже дека е во првите 2 отсто од светската популација според коефициентот на интелигенција“, посочуваат на нивната официјална веб-страница. Членовите на „Менса“ се луѓе од сите возрасти, нивоа на образование, имотни статуси и со широк спектар на занимања. Единственото нешто што им е заедничко е натпросечниот коефициент на интелигенција.

Извор



912

X