Линли Хоуп Боемер била извлечена од матката на мајка си во 23. гестациска недела за да ѝ биде отстранет тумор од ‘рбетот. По 20-минутна операција, при која срцето на бебето речиси сопрело, повторно било вратено во матката и родено три месеци подоцна. Со рутински преглед било откриено дека Линли има тумор, па неколку лекари ја советувале мајката да ја прекине бременоста. Но хирурзите од „Texas Children’s Fetal Center“ одлучиле да се обидат да го отстранат туморот доколку го извадат бебето од матката.
Мајката се одлучила на таков чекор бидејќи не сакала да ја прекине бременоста. Операцијата на мајката траела 5 часа бидејќи комплицирана е постапката кога плодот се вади надвор, а потоа треба да се врати назад за продолжување на бременоста.
Линли била родена по втор пат, со царски рез. Докторите велат дека ваков тумор се појавува на една во 35.000 бремености. Иако некогаш е можно да се отстрани туморот откако ќе се роди детето, сепак, лекарите одлучиле да го отстранат порано за да не дојде до несакани последици во однос на крвотокот кај плодот.