Лајн Северинсен од Берген, Норвешка, е мајка на две деца која слободното време го поминува објавувајќи цртежи на нејзината веб-страница „Кос и Каос“, како и на своите профили на „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Откако почна да се занимава со ова, доби многу следбеници од целиот свет кои постојано се враќаат за нова доза смеа.

Во оваа серија урнебесни илустрации, илустраторката преку слики зборува за искуствата што ги имала додека била бремена со нејзините две деца.

Лајн одлучи да зборува за проблемите во бременоста кои ги мачат повеќето жени, но во повеќето случаи не зборуваат јавно за тоа.

– Сакав да ги искористам овие илустрации за да им кажам на сите трудници дека не се осамени и дека повеќето жени поминуваат низ истите проблеми и дека е во ред да не се чувствувате добро во тие месеци, а сепак да го покажете тоа на забавен начин – објаснува таа.

– Мило ми е што илустрациите беа толку добро прифатени од жените, а како мајка на тригодишно и петмесечно момче, верувам дека нема да ми недостига инспирација – заклучи илустраторката.

Погледнете дел од нејзините илустрации кои би можеле да ве насмеат до солзи.

Извор



912

X