Воспитување

Другите мама и тато, забавни и луди… 5 типа баби и дедовци

Родителите можат да се потпрат на класичните типови баби и дедовци, ако е потребно да се грижат за внуците или ако им треба каква било помош, додека кај типовите „далечни роднини“, внуците ретко ги гледаат своите баби и дедовци. Децата што подоцна во животот имаат среќа да се дружат со баби и дедовци, имаат поголема самодоверба, покомуникативни се и полесно поднесуваат пораз. Бабите и дедовците можат да преземат една од петте образовни улоги:

Класична улога

Родителите можат да се потпрат на „класични“ типови баби и дедовци ако треба да се грижат за своите внуци или ако им треба каква било помош. Сакаат да се дружат со внуците и да им помагаат на родителите, но не се мешаат премногу во нивното воспитување.

Забавни

Бабите и дедовците што се фокусирани да ги забавуваат внуците, да си играат со нив, да лудуваат и да се смеат, уживаат да бидат извор на забава. Секогаш кога ќе поминете време со нив, ќе ги видите како трчаат наоколу со децата, пеат, играат…

Другите „мама и тато“ кои често ја преминуваат границата

Тие понекогаш претеруваат во грижата за внуците, а понекогаш се однесуваат како родителите да не знаат како самите да се грижат за децата. Честопати сакаат да одлучат во кое училиште ќе оди детето, што ќе прави освен да оди на училиште, со кого да се дружат внуците и слично.

Семејните мудреци кои поврзуваат генерации

Шефовите на семејствата кои споделуваат совети, распределуваат ресурси и ја контролираат родителската генерација. Можат да бидат ненаметливи, односно да даваат предлози и совети само кога ќе проценат дека тоа е потребно и дека ќе помогне, но може да бидат и напорни.

Далечни роднини

Ретко се со внуците, најчесто само за празници, па можат да останат малку отуѓени. Често финансиски им помагаат на родителите, но не се мешаат во нивните одлуки, не споделуваат ситници со внуците, но затоа остануваат во сеќавање кај нив како „егзотичните“ роднини.

Автор: Маријана Матковиќ

Извор

Поврзани написи

To top