Дру Баримор сака на своите ќерки да им приреди поинакво божиќно искуство од она што сме навикнати да го гледаме. Во интервју за „Ентертејмент тунајт“ актерката објаснила зошто нејзините ќерки Олив (10) и Френки (8) нема да ги одвиткуваат подароците на божиќното утро.

„Секој Божиќ ги носам на патување. Тие не добиваат подароци, но сакам да се сеќаваат на искуството што ќе им го дадам“, вели таа.
Девојките добиваат подароци од нивната мајка во текот на целата година, па таа смета дека е поубаво да им подари животен спомен за Божиќ.

„Попрво ќе инвестирам пари во такво нешто отколку во куќа за кукли или нешто слично“, додала таа.

Извор



912

X