Растењето со домашни миленици е добро за децата од многу причини – ги учи на емпатија, одговорност и им обезбедува моменти за креирање многу убави спомени. Кога станува збор за домашните миленици, повеќето семејства се одлучуваат за кучиња или мачки, а она што е тешко за многумина е да одлучат која раса на куче е соодветна за нив.
Секоја раса има свои предности и недостатоци кога станува збор за семејниот живот, а имаат и различни темпераменти, па затоа треба сериозно да истражувате пред да одлучите која раса на куче да ја удомите.
Која раса треба да ја избегнуваат семејствата?
Има многу раси што се одлични за семеен живот, но дресерот Вил Атертон во видео на „Тик-ток“ открива која раса не ја препорачува за семејства.
Станува збор за кокер шпаниел, куче за кое многу семејства „се залетуваат“ затоа што е мало и преслатко, но тренерот истакнува дека оваа раса тешко се вклопува во семејниот живот.
На прашањето зошто толку ги мрази шпаниелите, тренерот одговорил дека воопшто не е така. Покрај тоа, тој истакнува дека ужива кога ги гледа овие кучиња како ловат дивеч со пердуви, наведувајќи дека се фантастични во тоа.
@iamwillatherton Why do I hate Spaniels so much? Well the answer is – I don't! The spaniels I see when out in the field on shoots I adore, I just don't think they suit the lifestyles most owners try to force them into because they like the way they look. #spaniel #spanielsoftiktok #cockerspaniel #springerspaniel #leadershipislove #dogtrainingtips #dogtraining #dogtrainer ♬ original sound – Will Atherton
-Но, проблемот е кога ќе внесете таква енергија во семеен дом, таа ретко се вклопува добро. Не би се вклопила во мојата куќа, моето семејство и нашиот начин на живот, кокер шпаниелите имаат премногу енергија – рекол тој во видеото.
Многу луѓе ги искажале своите ставови за ова куче во коментарите.
-Повеќето луѓе мислат дека имаат време и енергија за шпаниел, но немаат. Овие кучиња имаат неверојатна количина на енергија – е еден од коментарите.
-Имам два кокер шпаниели и да бидам искрена, целосно се согласувам со тебе – напишала една жена.
912