Драги ученици, многу ни недостигате! Вашите професори мислат на вас. Оваа порака им ја испратија наставници по француски јазик на своите ученици за крај на учебната година. Љубовта кон професијата е дополнителен мотив за континуирано учење, со што на крајот се реализира квалитетна настава во основните и во средните училишта по овој предмет.

– Наставниците покажаа ентузијазам, трудољубивост и професионалност и во периодот кога наставата се изведуваше во вонредни услови. Некои од наставниците по француски јазик од основното образование во време на пандемијата вредно и неуморно подготвуваа видеолекции. Ги изработија мошне стручно и квалитетно, следејќи го проакцискиот пристап во наставата по странски јазик. На учениците им понудија креативни, интересни и разновидни активности, користејќи современи техники – вели Кети Димковска, советник по француски јазик.



912

X