Интересно е тоа како најмалата работа може целосно да го промени твојот поглед кон животот. За мене, тоа беа убави зборови од непозната личност.

Како што излегувавме со моето дете од час по заедничко вежбање, на пат кон градинка, држејќи го моето дете со едната рака, а количката со новороденото во другата, ја отворив вратата и моето дете некако ми се лизна од раката и замина кон паркингот. Со чудна мајчинска сила успеав да го фатам пред да стигне таму, без притоа да го пуштам новороденчето од рацете. Притоа паднав, си ги искинав панталоните и си ги изгребав колената.

Седнав на тротоар и заплакав. Ми олесна што моето дете беше во ред, но се чувствував уморна и поразена. Токму тогаш дојде таа, друга мајка која едвај ја познавав. Клекна до мене, ми ја стави раката на грб и ми рече: „Не правиш ништо погрешно, туку навистина е тешко“.

Во тој момент мајката ме натера да сфатам дека не е моја вина. Дека можев да се обидувам најмногу, но дека понекогаш работите се вистински хаос.

Токму оваа мајка ме натера да ви се обратам вам, на другите мајки и да ви кажам, не е ваша вина.

Ако се обидуваш да го ограничиш времето на екран на твоите деца, но немаш друг начин со кој би можела да извршиш телефонски повик, да приготвиш јадење или да добиеш малку тишина, тогаш не правиш ништо погрешно, туку навистина е тешко.

Ако поминуваш часови перејќи, диплејќи, бришејќи, но подот и понатаму е несреден, не правиш ништо погрешно, туку навистина е тешко.

Ако сакаш да трчаш маратон, а немаш време да тренираш, не правиш ништо погрешно, туку навистина е тешко.

Ако добиваш конфликтни родителски совети од секаде, а тие ти ја поткопуваат самодовербата, не правиш ништо погрешно, туку навистина е тешко.

Ако многу време си поминала на „Пинтерест“ барајќи идеи за првиот роденден на твоето дете, си останала до 2 часот наутро неколку вечери со ред правејќи декорации за роденденот, само за да го откажеш роденденот затоа што детето е болно, не правиш ништо погрешно, туку навистина е тешко.

Драга мајко, дозволи да ти кажам:

Тешко е да најдеш време кога си мајка.

Одржувањето врски кога си мајка е едноставно тешко.

Одржувањето чист дом кога си мајка е едноставно тешко.

Вежбањето кога си мајка е едноставно тешко.

Тешко се донесуваат одлуки за родителство кога си мајка.

Чувството дека можеш да ги завршиш работите кога си мајка е едноставно тешко.

Тешко е да откриеш дали и како да ја балансираш кариерата кога си мајка.

Понекогаш сето тоа е навистина тешко. Не затоа што нешто правиш погрешно, едноставно затоа што е така.

Извор



912

X