Советите од мајката честопати изгледаат досадни и напорни, особено во очите на децата и тинејџерите. Но зад фразите што постојано ги слушаме се крие длабока мудрост и способност за препознавање и водење низ емоциите, и нашите и нивните.
Овие фрази, иако на прв поглед се непотребни, всушност, се доказ за високо ниво на емоционална интелигенција. Мајките што ги користат несвесно ги учат своите деца на емпатија, самосвест и подобра комуникација.
Еве неколку „досадни“ фрази што мајката постојано ги повторува, а вредат злато.
„Не е што кажа, туку како го кажа“
Со оваа фраза мајките ја развиваат свесноста за тонот и начинот на комуникација, нешто што многумина не го совладуваат ниту како возрасни.
„Ајде почни од почеток“
Наместо веднаш да реагира, мајката се обидува да го разбере целиот контекст и ја учи важноста на смирено раскажување и анализирање на ситуацијата.
„Стави се на негово место“
Ова е основата на емпатијата. Иако децата често ја игнорираат оваа фраза, токму со неа учат да гледаат и од туѓа перспектива.

„Дали ти треба време да се смириш?“
Мудрите мајки знаат кога е време за пауза. Препознавањето на моментот кога емоциите ја преземаат контролата е клучно за здрава комуникација.
„Како се почувствува поради тоа?“
Прашање што отвора врата за емоционална свест и рефлексија. Дури и ако првично предизвикува отпор, со текот на времето ги учи децата да ги препознаваат и изразуваат своите чувства.
„Не знам, што мислиш ти?“
Наместо да го даде одговорот веднаш, мајката го охрабрува детето самостојно да размислува и да носи одлуки, што е клучно за градење самодоверба.
„Ајде да се фокусираме на тоа што можеме да го контролираме“
Совршена лекција за справување со стрес и неизвесност, нешто што дури и многу возрасни не го владеат.