Здравје

Докторка од Торонто породила жена во авион – добила прекрасно изненадување од мајката

Кога родителите очекуваат дете, многумина ја фотографираат болничката соба полна со медицински сестри и лекари, или можеби домашното породување со бабица. Така е вообичаено. Но, некои искусуваат сосема различна ситуација од замислената.

Д-р Аиша Катиб, која е професор на Универзитетот во Торонто и специјалист, била присутна на лет на „Катар ервејс“ кога направила нешто неочекувано: помогнала да дојде бебе на свет додека жена се породувала во авионот. Таа ги споделила искуството и возбудата на „Твитер“ на 13 јануари, велејќи дека се случило „чудо во воздух“. И навистина било чудо. Породување во авион се случува еднаш на 26 милиони патници, според „МедЕр“, фирма за авијатичарска медицинска поддршка.

За среќа, Катиб била присутна додека мајката се породувала, па со поддршка на екипажот успеала да донесе на свет здраво девојче. Катиб добила голема поддршка на социјалните медиуми за нејзиниот труд и била пофалена од колегите на универзитетот.

„Ова е она што се нарекува патувачка медицина!“, напишал друг корисник на „Твитер“ за да одговори на неверојатната приказна на Катиб. За Катиб, најважниот дел од искуството е ценењето од страна на новата мајка. Таа ја изразила нејзината радост со емотикони со солзи и срце, пишувајќи дека најдобриот дел од приказната е што го именувала детето по неа. Катиб рекла дека и мајката и бебето се добри.

Автор: Сара Романо

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top