Родителите често се нетрпеливи да им ги дупнат ушите на нивните деца, особено на девојчињата. Докторката и мајка Тања Лекар ја открива причината зошто никогаш не би му ги дупнала ушите на своето бебе. Како што изјавила, таа смета дека дупчењето на ушите на мала возраст е една од најголемите причини зошто толку многу луѓе имаат алергија на никел.
„Како што се развива имунолошкиот систем на бебињата и кожата се пробива, телото добива имунолошки одговор“, објаснила таа на Инстаграм. „Следниот пат кога ќе биде изложено на нешто што содржи никел, може да се случи алергиска реакција“.
Таа, исто така, истакнала дека иако никелот може да се најде во „многу намирници“, тој е присутен и во „не’рѓосувачки челик, сребро и злато под 14 карати“.
„Како бебе, мене ми ги дупнаа ушите, па потоа никогаш не можев да носам бижутерија“ – се вели во еден од коментарите.
„Не би сакала да му ги дупнам ушите на моето дете затоа што сакам тоа самото да си одлучи“, инсистирал некој друг.
Уште една работа што д-р Тања никогаш не би им ја дозволила на своите деца, или на кој било друг – е да носат чевли во затворен простор.
„Тие имаат секакви нечистотии, вируси и бактерии на себе“, рекла таа. „Вашиот дом нека биде зона без чевли!“
912