Здравје

Доењето спасува 800.000 животи годишно

Мајчиното млеко го прави светот поздрав, попаметен и поеднаков. Ова се заклучоци од извештај за доење низ светот.

Годишно, би можеле да се спречат 823.000 смртни случаи на деца и 20.000 смртни случаи на мајки низ светот со универзално доење, а ќе има и економска заштеда од 300 милијарди долари.

Извештајот ги потврдува поволностите на доењето во поглед на намалување на инфекциите, зголемување на интелигенцијата, заштита против зголемена тежина и дијабетес и спречување на рак кај мајките. Извештајот ја претставува досега најдеталната анализа за бенефициите од доењето.

Извештајот е разбирлив, но пораката не е нова. Во 2013 година беше објавен податокот дека преку доењето би можеле да се спречат 800.000 смртни случаи на деца годишно.

Инаку, доењето е едно од малкуте практики добри за здравјето кои се почести во сиромашните земји отколку во богатите. Во сиромашните земји повеќето новороденчиња дојат по 1 година од раѓањето, во споредба со помалку од 20% во богатите земји.

Причините поради кои жените го одбегнуваат доењето се разликуваат од медицински, културни и психолошки, до физичката непријатност и сл.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top