Летото носи убави денови и многу можности за излегување. Доколку сè уште не сте го совладале доењето надвор од домот, крајно време е да ги совладате триковите со кои лесно можете да го нахраните вашето малечко во секое време.

Дали веќе сте планирале летни авантури со вашето бебе? Не дозволувајте да ве спречи доењето. Ако доите, тогаш имате неограничено количество храна на располагање на идеална температура и погодност за консумирање, секогаш кога бебето е гладно. Сепак, треба да внимавате на некои ситници – како на пример покажување на градите во јавност. Додека некои мајки немаат проблем со тоа, други се чувствуваат неудобно без оглед на околностите.

И двете одлуки се сосема во ред! Секоја мајка има право на сопствен став за доењето на јавно место, но некои работи можат да го олеснат доењето во преполно кафуле или парк. Пред да се обидете да доите надвор, обидете се да се облечете и да го доите вашето бебе пред големо огледало. Можеби на тој начин ќе сфатите дека воопшто не се гледа ништо што не треба да се види, па ви станува поудобно.

Приспособете ја вашата облека

Летото е идеално време за доење надвор. Секогаш кога сте надвор со вашето бебе, имајте на ум дека може да ви користи лесната достапност до дојките. Ако не користите марама, секогаш е паметно да имате барем два слоја од горниот дел. На тој начин, секогаш можете да ја кренете едната кошула, а другата да ја спуштите, така што никој освен бебето нема да ги види градите.

Тапкајте го задникот на бебето

Ако забележите дека вашето бебе е расеано од звуците на околината, обидете се да му го одвлечете вниманието со нешто друго. Можете, на пример, да го тапкате бебето ритмички по задницата, па тоа ќе се фокусира на тоа и ќе продолжи да јаде.

Покривање

Доколку сте меѓу мајките на кои им е навистина непријатно доењето пред минувачите, задолжително набавете нешто што ќе го покрие вашето бебе додека го доите. Тоа може да биде платнена пелена или тенка марама. Важно е само на бебето да не му е премногу жешко поради прекривката.

Заштита од истекување

Ако вашето млеко понекогаш истекува од едната дојка додека бебето е на другата, паметно е да вметнете влошки за доење во градникот. На летната облека брзо ќе се види влажна дамка.

Извор



912

X