Доењето е важен аспект на мајчинството и има многубројни здравствени придобивки. Сепак, со сите промени што се случуваат во првите денови и месеци од мајчинството и многу други животни ситуации, не е невообичаено нивото на стрес да се зголемува.

Доењето и стресот не се најдобрата комбинација бидејќи хормоните на стрес, како што е кортизолот, може да го попречат производството на млеко, што го отежнува процесот на лактација и генерално негативно влијае врз самиот процес на доење.

Како стресот влијае врз доењето?

Стресот, особено ако е интензивен, значително влијае врз доењето преку неколку фактори, вклучувајќи:

Намалено снабдување со млеко

Кога мајката е под стрес, телото ослободува помалку хормони кои се одговорни за лачењето на млекото, поради што бебето не ја добива потребната количина.

Намален квалитет на млекото

Иако нутритивниот состав на мајчиното млеко останува стабилен во повеќето случаи, стресот значително влијае врз масните и имунолошките компоненти во млекото.

Тешко воспоставување рутина за доење

Стресот кај мајката предизвикува напнатост, незадоволство, го намалува нивото на трпение, што доведува до фрустрација при доењето доколку детето нема соодветен фат, не е мирно и слично.

Како да се намали стресот за време на доењето?

Иако стресот не може секогаш целосно да се избегне, постојат неколку начини на кои неговото ниво може да се намали. На пример:

Создавање мирна средина

Изборот на тивко и удобно место за доење во голема мера ќе ѝ помогне на мајката да се опушти, што ќе доведе до подобар проток на млеко и посмирено новороденче. Тивко опкружување може да се постигне со намалување на бучавата, затемнување на светлата и да се биде во удобна положба.

Техники за релаксација

Вежбите за длабоко дишење, медитацијата и нежно истегнување ќе го намалат нивото на стрес и ќе ѝ помогнат на мајката да се чувствува подобро. Дури и неколку минути свесно дишење или истегнување ќе направат голема разлика.

Дополнително поврзување со бебето

Научно е докажано дека контактот кожа со кожа ослободува позитивни и смирувачки хормони. Така, само држењето на детето и разговорот со него може да помогнат.

Грижа за себе

Важно е секој ден да најдете време за себе и да се грижите за сопственото здравје. Ова може да се постигне со мали промени секој ден. Правилната исхрана и доволното внесување течности ќе помогнат, како и доволно сон. Понекогаш се доволни и 15 минути одмор дневно за да се чувствувате подобро.

Заклучок

Стресот може да има големо влијание врз доењето и може да биде негативен. Доењето и стресот се лоша комбинација бидејќи резултираат со намалено количество млеко, полош квалитет и тешко воспоставување рутина за доење, што е многу важно.

Сепак, нивото на стрес за време на доењето може да се намали преку различни техники, како што се создавање мирна средина, техники за релаксација, грижа за себе и слично.

Извор



912

X