Постојат работи кои го обележуваат вашето детство и растење, без разлика дали се работи за музика, филмови, омилени предмети или реченици што сте ги слушнале безброј пати додека сте растеле.
Ви пренесуваме 30 изреки кои веднаш ќе ве вратат во детството и ќе ве насмеат до солзи.
-Додека си под мојот покрив…
-Како седиш така? Исправи се!
-Јас на твои години…
-Ако ти е здодевно, земи книга и учи.
-Дали има нешто слатко? Има, јаболка.
-Ќе си го добиеш твоето кога ќе се вратиме дома.
-Подели го тоа со брат ти/сестра ти!
-Сто пати ти реков да не се нишаш на столот.
-Ваше е само да учите.
-Ќе разговараме кога ќе си заминат гостите.
-Ако го најдам тоа сега…
-Не ми е гајле што прават другите деца.
-Не допирајте, за гостите е!
-Не учиш за училиштето, туку за животот.

-Немој јас да ти дадам причина за плачење!
-Гледаш ли колку е часот?!
-Ако ви е досадно, фатете се за ушите и играјте.
-Само ние се слушаме во цело маало.
-Еден ден ќе се сетиш на моите зборови.
-Умот в глава!
-Облечи се, грбот ти е гол!
-И вие ќе имате деца, па ќе ви биде јасно.
-Ќе видиш кога ќе дојдеш ти на мои години.
-Затоа што јас така реков.
-Ќе видиш кога ќе дојде татко ти.
-Облечи ги папучите!
-Колку човек е подобар, толку ти си полош!
-Таму каде што си фрлил, таму да бараш!
Автор: Ема Јуриќ