Понекогаш ви се чини дека воопшто не го разбирате вашето дете? Следува добро скриената логика која се одвива во главите на просечните четиригодишници.
4.30 Хм, речиси сум буден, сега би ми било многу поудобно во во креветот на мама и тато. Би можел убаво да си легнам помеѓу нив и да продолжам да спијам, но дури откако целосно ќе ги разбудам.
4.35 О, не! Го оставив омиленото ќебенце во својот кревет. Ако доволно гласно и плачам на мама сигурно ќе се смилува и ќе отиде по него. Навистина не ми се станува од кревет. Пак.
7.00 Мамо, само немој да ми кажеш дека и денеска морам во градинка. О, не, мама тоа го кажа. Знам дека ќе плачам. Освен ако Марко не ја донесе онаа своја нова играчка. Тогаш ќе биде интересно, ќе заборавам и ќе ја поздравам мама. Едвај чекам да одам во градинка, побрзај мамо!
7.05 Повторно се предомислив. Не сакам во градинка!
7.30 Мама ме тера да појадувам. Не разбирам зошто секое утро мораме тоа да го поминуваме, кога знае дека ќе одбијам.
7.40 Мама го пушта мојот омилен цртан филм на тв. Како само ми ги чита мислите. Чекај малку, сум го изел целиот појадок несвесно!
8.00 Колку ја сакам оваа сцена од цртаниот. Морам да и кажам на мама да ми премота неколку пати. Под неколку мислам дваесеттина.
8.30 Овожувам да трчам низ станот.
8.40 Мама денес веќе 10 пати ме замоли да се облечам. Тоа е толку забавна игра. Знаете што е најдобро? Додека ми ја облекува маицата успевам да ги соблечам чорапите. Додека ми ги облекува повторно чорапите, успевам да направам дамки на маицата. Предобра игра, секој би требало да ја научи.
8.45 Чекај, зошто мама воопшто се обидува да ме облече? Сериозно ја сфатила оваа игра! Реков дека не сакам во градинка, или сакам. Што реков?
9.00 Јас сакав да ја отворам вратата. Зошто мама ја отвори? Плачам.
9.30 Морам да ги потсетам децата во градинка дека јас сум главен. Зошто никој така не ме доживува?
9.45 Плачам и осамен сум. Градинката е најлошото место на светот.
10.00 Обожавам градинка!
10.05 Мразам градинка!

11.00 Сега е доста, сакам да одам дома!
12.00 Овде е толку забавно, би можела да живеам во градинка.
12.30 Рууучееек! Мислам дека денес ќе изедам дури 3 залаци.
13.00 Не сакам да спијам. Ниту да лежам. Ниту да бидам мирен додека другите спијат. Сакам да си играм!
15.00 Ја сакам мама! О, кекси? Баш ги сакам!
15.30 Ја сакам мааамааа! Плачам.
16.00 Еве ја мама. Штета што само што започнав нова игра, па ќе мора да почека да завршиме.
16.15 Зошто мама постојано ме прашува дали ми се мочка? Па не сум малечко бебе. Не морам!
16.16 О, морам да мочкам, Итно!
16.20 Мама дома се согласи да ја игра мојата омилена игра. Ова ќе биде супер ден!
17.00 Мама го вклучува телевизорот, едвај ги чекам цртаните. Чекај, зошто го гледа овој човек кој зборува? Зошто не го менува каналот? Зошто не реагира на моето викање и плачење? Ух, добро е! Ова беше најлошата минута во мојот живот!
17.06 Цртанииии!
17.10 Зошто е мама толку фрустрирана? Одбив само 15 предлози за ручек кои ги понуди. Ќе најдеме некој компромис. Се надевам дека ќе биде пудинг.
17.30 Еден залак од сендвичот. Леле колку сум сит!
19.30 Јееееј, тато е дома! За жал, баш сега играм игра, па не можам да го поздравам. Нека дојде тој кај мене.
20.00 Не сакам да спијам во пижами. Ги сакам овие панталони, сакам да спијам во нив!
20.30 Мамо, јас сакам од сендвичот!
20.40 Уште сум гладен. Сакам млеко. И сок. И чоколада.
21.00 Не можам да спијам. Не сум изморен, никогаш нема да успеам да заспијам!
21.01 Ззззз….
4.30 Во креветот на мама и тато сега сигурно би било поудобно…