Воспитување

Добрите родители ја имаат оваа особина: ќе ве изненади, но е неверојатно корисна

Не сите книги во светот можат да нѐ подготват за промените што се случуваат кога ќе станеме родители и за сите предизвици што ги носи воспитувањето на децата. На крајот на краиштата, секое дете е сосема различно и секое семејство е различно.

Меѓутоа, една неодамнешна студија покажала дека добрите родители имаат една заедничка особина. Имено, студијата покажала дека родителите кои добро си ја вршат работата, односно добро ги воспитуваат децата, имаат една заедничка особина – хуморот.
Научниците и психолозите што работеле на ова истражување, објавено во 2024 година, откриле дека хуморот игра голема улога во успешното родителство. Тие анализирале околу 300 луѓе, прашувајќи ги за нивните искуства додека растеле, дали пораснале со или без хумор и како гледале на своето детство.

Дури 55 отсто од испитаниците изјавиле дека хуморот на нивните родители е значаен дел од нивното воспитување, а 72 отсто сметаат дека е многу корисна алатка за родителите. Повеќето испитаници веруваат дека блискиот однос што го имале со своите родители во детството, а сега и како возрасни, делумно се должи на фактот што тие биле воспитани со хумор и од нивните мајки и татковци.

-Иако врската родител-дете е многу понежна од деловниот однос, има многу стресни ситуации во родителството. Хуморот може да помогне да се намалат тензијата и хиерархијата и да им помогне на двете страни да се чувствуваат подобро во стресна ситуација – вели една од авторките на студијата, Луси Емери.

Многу педијатри и експерти за родителство забележале дека хуморот влијае врз развојот на децата.

-Хуморот може да ги научи луѓето на когнитивна флексибилност, да го намали стресот и да поттикне креативно решавање проблеми и издржливост – вели професорот по педијатрија д-р Бенџамин Леви, автор на студијата.

Детската болница во Минесота, исто така, истакнува дека всадувањето добра смисла за хумор кај децата им помага да ги видат ситуациите од поинаква перспектива и да ги прифатат неконвенционалните начини на размислување. Хуморот, исто така, им помага на малите да се смеат на себе кога прават грешки наместо да се лутат или разочараат.

-Децата со развиена смисла за хумор се посреќни и пооптимисти, имаат поголема самодоверба и подобро ги толерираат разликите, без разлика дали нивните или од другите. Децата што ценат и имаат смисла за хумор се полесно прифатени од своите врсници и подобро се справуваат со предизвиците на растењето – од преселување во нов град до некое задевање на игралиштето – додаваат оттаму.

Се разбира, хуморот не е секогаш решение за проблемот, но во некои ситуации навистина може да помогне.

Различни фактори одредуваат дали е соодветно родителите да ѝ пристапат на ситуацијата со доза хумор. Возраста на детето, проблемот што го има, намерата на шегата и однесувањето на личноста што ја прифаќа шегата, се фактори кои секогаш треба да се имаат на ум.

Исто така, важно е да се внимава родителите никогаш да не прават шеги со цел да го понижат детето и да го натераат да се чувствува лошо.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top