Еден сосема обичен работен ден се претворил во силно емотивен момент за еден татко откако на својот мобилен телефон добил неочекувана порака. Иако пораката пристигнала од бројот на неговата сопруга, не ја испратила таа, туку нивниот 8-годишен син. Она што го напишало момчето го трогнало таткото. Својата приказна ја споделил на „Редит“.
Тој раскажал дека неговиот син Логан го позајмил мобилниот телефон од мајка си за да му испрати порака.
Пораката гласела: „Тато, јас сум Логан. Едвај чекам да одиме на одмор бидејќи е многу забавно. Те сакам“.
Таткото му одговорил дека нивното претстојно патување ќе биде „супер“, по што пристигнала уште една порака од Логан: „Те сакам.“
Лавина од емотивни реакции
Неговата објава брзо станала вирална и собрала повеќе од 4.000 лајкови.

„Ова се денови што се паметат, пријателе“, напишал еден корисник, додека друг напишал: „Не постои ништо подобро од вакви моменти.“
Моменти од непроценлива вредност
Наскоро се јавиле и други родители со слични приказни за мигови кои изгледаат обични, но со текот на времето стануваат незаборавни спомени.
Еден татко раскажал како ја одвел својата 6-годишна ќерка во парк со трамбулини, потоа на ручек, а на крај и во библиотека – нејзиното омилено место. На крајот од денот, таа дотрчала кај него и му рекла дека тоа бил „нејзиниот најдобар ден“, спомен кој никогаш нема да го заборави.