Воспитување

До сопругот: Доста ме казнуваш мене додека ги дисциплинираш децата

Љубов моја,

Ти си прекрасен партнер за мене и неверојатен татко на нашите деца. Веројатно најдобриот. Ја заслужуваш шолјата „Најдобриот татко на светот“ бидејќи навистина си. Но, имам една родителска забелешка и време е да ти ја кажам.

Сега сум многу свесна за мојата забелешка кога погрешно ги диплиш алиштата или кога погрешни садови ставаш на погрешно место. Тоа не е нешто за кое треба да се жалам. Не дека не преземаш дел од домашните обврски и знам дека забелешката е малечка, но станува поголемо вознемирување кога се случува многу често. Па да почнам.

Душо, дали знаеш дека имаш алтер его? Јас го нарекувам Капетан Конфискација и стапува на сцена кога нашите мали деца се однесуваат како гремлини. Гремлини кои ги притискаат сите наши родителски „копчиња“ и на кои им е потребна дисциплина за да научат како да се однесуваат. Исцрпувачко е, зарем не? Мислам дека сме прилично добри родители. Полни со љубов, присутни и речиси секогаш на иста страна, но ова е простор во кој сме на сосема различна страна. Не сфаќај ме погрешно, ми се допаѓа Капетан Конфискација. Но, има и периоди кога сакам малку да се смири и еве зошто.

Поентата на земањето предмети од децата како форма за дисциплина е дека мора да се следи. Ако велосипедот е конфискуван една недела, тогаш враќањето за еден ден е дефункционална казна – односно нема долгорочен ефект. И двајцата го знаеме тоа. Кога се случува тоа, таквата казна всушност ме казнува мене. На пример, кога Капетан Конфискација го „забранува“ „Мекдоналдс“ за цел месец, мислам дека забраната за десерт е доволна, иако таа твоја забрана значи цел месец да готвам дома, бидејќи јас сум таа што е задолжена за готвењето. Или кога ќе забраниш време пред екраните мноооогу подолго отколку што треба, јас веќе не можам да го користам тоа како тактика за земање пауза.

Затоа, драги, мислам дека Капетан Конфискација дефинитивно си има загарантирано време и место, но мора да се согласиме за одредени работи. На пример, кој вид конфискација одговара на однесувањето што треба да се казни и колку долго реално можеме да се држиме до таа конфискација. Нашите деца сигурно може да имаат придобивка од појасни домашни правила – за да знаат кога и што е дозволено и што се случува кога правилата се прекршуваат. На тој начин нема да претураме низ нашата кутија со алатки за родителство во моментот барајќи последица – последица што всушност може да ме казни мене повеќе отколку нив на долг рок.

И ти ветувам дека ќе се обидам да ја исплакнам чинијата во која јадам житарици што толку те нервира – малите работи се во прашање, зарем не?

Со љубов,

Јас.

Автор: Лана Халовис

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top