Воспитување

До мажите што не разбираат зошто жените некогаш се нерасположени

Колумна на Лаура Маза за thestir.cafemom.com

Се прашувате зошто вашата партнерка е нерасположена?

Сте ја слушнале милион пати како кажува дека е исцрпена и како на вашите деца им вели: „Не злато, мама не може да ви прочита уште пет книги бидејќи мора да ја исуши облеката оти нема да има што да облечете!“

Нејзиниот ментален товар е поголем и од купот алишта за перење и сушење. И како врв на сето тоа, таа има и за чистење. Секој ден и секоја вечер. Па, затоа запрашајте се… дали помогнав денес? Или дали ја изедов вечерата, а потоа исчезнав во тоалетот пет часа и садовите ги изми некој друг? Или дали се повлеков како мало дете бидејќи имав работа?

Бидејќи прилично сум сигурна дека причината поради која таа избувнува на вас и на сите други е како ластик. Закажувањето преглед на лекар, на стоматолог, плаќање на сметките, купување подароци, родителски состаноци и работа (изморена сум од листава) не се доволно, па таа мора и да готви вечера, а потоа да ги измие садовите и да ја раскрене масата. А вие морате да поминете пет часа во тоалет?!

Зошто не бара помош?

„Ако ѝ треба помош, треба само да каже“. Бидејќи, пријателе, не треба таа да бара помош од тебе или од кој било друг во домот. Дали ти живееш таму? Дали јадеш во тој дом? Тогаш, тие обврски се и твои. Не мора постојано да бидеш потсетуван бидејќи и ти си возрасно лице кое живее во таа куќа заедно со неа! Лудо, зарем не?

Исто така, лудо е затоа што никој не ѝ дава листи, сите го гледаме нередот, па зошто само жените да бидат загрижени за негово средување?

Кажете го со мене ова многу бавно: „Ако твојата жена прави повеќе, зарем тоа не значи дека ти правиш помалку?“ И кога ја чувствуваш потребата да си седиш мирно додека куќата изгледа како да експлодирала бомба, избори се со тоа чувство, навистина избори се, бидејќи во спротивно ќе треба да се бориш за твојата врска, а има многу други што може да го контролираат одењето во тоалет додека не завршат со раскренување на остатоците од вечерата.

Поврзани написи

To top