Игротека

До мајка ми: Ти благодарам и извини

За мојата мајка, ти благодарам и извини.

Петок вечер е и во оваа ретка можност ќе излегуваш со твоите пријатели. Заслужено, да поминеш време, не како мајка, не како сопруга, не како задолжена за нешто – туку само ти. Истата онаа ти што го украде автомобилот на мајка си за да го избегне ручекот во средно училиште со Тори. Истата ти што трчаше неверојатно брзо, играше како кралица и беше мајка како вистински херој.

Сега е 19 часот и те гледам додека ставаш шминка. Само малку – повторно, само за тебе е. Го допирам твојот блескав накит со воодушевување, го мирисам твојот парфем како ливчиња од роза, со чиста љубов. И зборуваме како пријателки, се смееме како што заоѓа сонцето и твоите очи танцуваат со мала можност дека не се препознавам во тебе. Делот од тебе кој го знам единствено преку фотографии и приказни од баба, раскажани за време на пиење летен чај. Во вакви моменти ја среќавам „ти“ која можеби ќе бидам и изгледам еден ден. „Ти“ која го сретнала тато кога бил само Кори. И овие делови од тебе што биле затворени, денот кога си ме добила мене.

Жал ми е. Толку многу сум благодарна. Поради ехото од тебе што ми вдиша живот. Тие здивови ја обезбедуваат твојата душа со материјали од минатото, „ти“ која ја испрати заради мене. И иако сите тие моменти заминуваат или се менуваат, сепак се тука. Живеат во мене. Како можеш да станеш личност без себе? Ти која ја внесов во мајчинството. Ти која ја исцрпував цели ноќи со плачење или доаѓање доцна дома. Ти во која се надевам дека ќе прераснам.

Се извинувам што ти предизвикував грижи и ти го празнев паричникот. Се извинувам што те сменив, ја изменив твојата приказна. И, сепак, сите тие делови од тебе што можеби се промениле заради мене, ги наоѓам во огледало.

Ти благодарам, мамо, за моите зелено-сини очи и силен глас. Можеби никогаш не ја запознав малата Лорен која отиде кај соседите и бараше да се лизга по мразот. Но, јас сум некоја верзија од неа. Поради тебе.

Никогаш нема да ја запознаам Лорен која со ранец ја прошетала Франција. Но, ќе бидам ќерката на таа бунтовничка. Ќе бидам животот кој направи твојот да биде возможен. Жал ми е што моето пристигнување, првата од трите, го постави типот на мајката што ќе бидеш. Не мајката која сонуваше или се заколна дека ќе бидеш. Туку мајката која јас те направив.

Жал ми е што ти ги променив плановите. Но, мило ми е што го направив тоа. Бидејќи каде што мислеше да одгледуваш органски домати, ти одгледа смеа со зајачиња во цветни кошници. Тоа што мислеше дека твоите мрзливи денови в кревет може лошо да ми влијаат, тоа беше всушност лекција за важноста на дождливите денови поминати в кревет, дозволувајќи си себеси да спиеш, дишеш и да ги наполниш батериите. Ме научи дека некои денови ќе бидат бавни и чудни, зашто понекогаш ни е потребна пауза.

За сите денови кога посакуваше да бидеш различна, јас се радувам што беа такви. Затоа што ти беше таму, во топлите лета и студените зими, во мааните, во предностите, во поразите – кои ме направија да бидам она што сум.

Зашто кога излегувам во петок навечер и се гледам во огледало, се чувствувам како жената која ја гледав со воодушевување од креветот кога бев само мало девојче. Се чувствувам како тебе

Автор: Ели Хајпс

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top