Воспитување

До луѓето што мислат дека родителите треба да останат во брак заради децата

Јас сум непостојана жена. Жена чија љубов може да биде исто толку силна кон некого колку што може да биде и нестабилна. Јас сум променлива, непредвидлива, нестабилна и неконзистентна. И јас сум мајка. Со моите деца, јас не сум ништо од овие набројани работи. Ги чувам овие грди карактеристики закопани длабоко во себе, седејќи на работ и чекајќи да избијат врз другите – и тоа секогаш се случува. Кон мојата мајка. Моите пријатели. Соработници. Но, главно, овие особини избувнуваат во мојот однос со мојот поранешен сопруг.

Брзо тонев и разводот ме спаси. Ме спаси старателството кое подразбираше 50/50 време со децата. Тоа што не морав редовно да ги доживувам вознемиреноста и хаосот на моите деца ме спаси. И ме подобри. Мојот поранешен сопруг е толку прекрасен што не морав да се грижам за ништо кога тие не беа со мене. Да, јас сум една од среќниците – го знам тоа. Да, не секоја жена има можност да избере развод за да се подобри и за да биде подобра за своите деца. Но, јас го направив тоа. Толку сум иритирана кога ќе помислам на сите што им е срам поради развод, кои добиваат осуди и потсмев што одлучиле да заминат – како сите да имаат иста приказна. Како на секоја страница, зад секоја куќа, зад ѕидовите, да има исти луѓе со исти околности и затоа треба сите да имаат ист крај.

Животот не е црно-бел – па така ниту разводот. Сивиот дел е најважниот дел од животот и делот што многу луѓе избираат да го игнорираат затоа што „никогаш не би можеле да го растурат своето семејство“ или „секој брак може да трае со напорна работа и посветеност“. Тие не можат да замислат некој да прави нешто поинаку од нив. Со ова мислам на сите мајки што се борат со срамот при изборот дали да го напуштат бракот и ги чувствувам толку блиску до моето срце затоа што ги чувствував истите работи. Бев во депресија. Бев вознемирена. Бев огорчена и лута. Сите тие емоции ги насочив кон мојот сопруг затоа што не сакав да ги насочам кон моите деца. Да се биде депресивен значи да бидете на роденденската забава на вашите деца опкружени со пријатели и семејство со вистинска радост на нивните лица и сè уште да чувствувате меланхолија.

Да се биде депресивен значи да спиете 12 часа не затоа што сте мрзливи, туку затоа што повеќе сакате да спиете отколку да бидете будни.

Да се биде депресивен значи да седите надвор во паркот на сончев ден, да го чувствувате ветрот на вашето лице додека вашите деца играат, но не чувствувате ништо освен празнина и тага. Да се биде депресивен во брак е тешко. Тешко е другата личност да разбере дека очекуваме да знае како да ни помогне.

Не бев способна да бидам она што требаше да бидам за мојот поранешен сопруг тогаш и, за жал, никогаш нема да бидам она што му треба. Оние што велат дека требаше да останам со него. Дека не сум ги повлекла децата со себе? Дека не сум се трудела доволно, не сум зборувала доволно, не сум се грижела доволно? Па, погодете што? Јас го истакнав тоа – и тој исто така. Го држев сето тоа седум години во себе затоа што се грижев нашето семејство да остане недопрено.


Ја прочитав секоја брачна книга што ни беше препорачана, зборував додека не ми се исуши грлото, видов безброј советници, вклучувајќи го и последниот кој рече дека сме најзрелиот пар што некогаш седел на тој кауч и со олеснување слушал додека велиме дека сме ја донеле вистинската одлука. Јас не можев повеќе, а ниту тој. Јас сменив некои работи, а и тој. Јас малку се трудев, а тој многу. Откако се иселив, целосно се променив. Чувствувањето вина за уништување на туѓиот живот не ме натера да се чувствувам подобро. Сега сум среќна. Мојот поранешен сопруг е посреќен што не е заглавен со мојата депресија и анксиозност, моите деца се посреќни што можам да се грижам за нив, а сето тоа ми овозможува да бидам подобра мајка.

Ако некогаш ги загубам децата, тоа би ме убило. Но, јас направив сè што беше потребно за да го вратам мојот живот на вистинскиот пат, а тоа беше да се разделам од мојот сопруг и да станам родител на нашите деца. Моите причини за развод никогаш нема да бидат ваши причини и вашите причини нема да бидат мои, затоа е време да престанеме да се обидуваме сечија приказна да ја направиме наша приказна. Моите деца видоа страна од мене што никогаш не ја виделе и тоа нема никаква врска со тоа што сум сингл или пак излегувам за време на викендите. Повеќе ја немам мачната вознемиреност да се грижам за тоа колку мизерно се чувствува мојот партнер заради мене – па згора на тоа се чувствував и како ужасна мајка. Затоа заминав.

Стариот изговор „Не си ти, до мене е“ е прекумерно искористен, но во мојот случај тоа беше вистина.

Тажна сум што знам дека никогаш нема да имам врска и живот каков што сите се надеваме дека ќе имаме, и дека можеби никогаш нема да го најдам „оној“ за кој секогаш ми зборуваше мајка ми. Дури и да го направам тоа, моето променливо расположение веројатно ќе го налути и ќе го избрка од мене. Можеби ја растурив верзијата креирана од општеството за совршено семејство, но направив подобро за сите нас и ги прекршив сите однапред замислени очекувања што ги имав за себе како жена и како мајка. И јас сум горда на тоа.

Штом моите деца ќе пораснат, можеби повторно ќе ги разгледам моите проблеми со врските и посветеноста. Но, засега сум фокусирана да бидам нивна мајка и да бидам „јас“ без друга причина или личност, освен заради нас.

Автор: Стефани Портел

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top