Забава

„Дизни“ овозможува да ѕирнете во апартманот на Пепелашка

Замокот на Пепелашка е неизбежен дел што мора да се посети кога одите во „Дизниленд“, но малкумина добиле пристап до најраскошниот дел од замокот: апартманот на Пепелашка.

Новото видео објавено на тик-ток-профилот на „Дизни“ им нуди на децата можност да ѕирнат во овој раскошен апартман. Како што се гледа на видеото, пред влезната врата има мозаик што ја прикажува кралската кочија на Пепелашка, направен со 30.000 рачно поставени плочки – од кои некои се изработени од вистинско злато.

Откако ќе влезете во апартманот, можете да забележите два кревети со раскошна постелнина. Над каминот има портрет од Пепелашка што се претвора во телевизор со рамен екран. Тука и магичното огледало крие телевизор, заедно со витражните прозорци кои ја раскажуваат приказната за Пепелашка. Оние што престојуваат во овој апартман може да си земат сувенир, а од „Дизни“ велат дека на гостите им се дава стаклена чевличка.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top