Центрите за јавно здравје и центрите за контрола и спречување болести низ светот ги советуваат луѓето да носат заштитни маски за лице за да го забават ширењето на коронавирусот. Но, сите знаеме дека овој додаток воопшто не е пријатен.
„Дизни“ излезе со многу привлечно решение. Компанијата штотуку лансира интересна линија на маски за лице за повеќекратна употреба, со омилените дизни-ликови. Од бебето Јода и одмаздниците до Вини Пу и Мики Маус, целта е носењето на маските да им биде попријатно на децата. И што е најважно, „Дизни“ се заложи да му го донира целиот профит на непрофитната организација „Медијашер“, која е специјализирана за прераспределување медицински материјали во болниците што имаат потреба.