Кога училиштата се затворија поради пандемијата со коронавирусот, просветните работници почнаа со виртуелно одржување на наставата за учебната година да се заврши, но од дома. Во САД, голем дел од директорите на училиштата ја покажуваат својата креативност и се обидуваат да се поврзат со учениците и да им ја дадат својата поддршка – емоционална и академска.

Директорите на училиштата и наставниците во САД им се јавуваат на учениците на нивните родендени, креирајќи видеоразговори со класовите и ги предизвикуваат учениците со различни активности за да си го одржуваат доброто расположение. Таков е директорот Ендру Орефиче од училиштето „Хоксвуд“ во Етонтаун, Њу Џерси, кој решил да направи видеопародија од „Сам дома“ за неговите ученици – „Училишна комедија без училиште“ – видео во кое тој трча низ празната училишна зграда.

На почетокот тој се забавува, скока на мини-трамбулина, трча и игра во ходниците, јаде сладолед и пица, но на крајот станува сериозен.

– Не е исто без вас тука. Не можам да ви објаснам колку ми недостигате и едвај чекам да бидеме повторно заедно. Чувајте се. Се надевам дека ќе се видиме наскоро. Ми недостигате. Едвај чекам да ве видам – вели директорот.

Орефиче е познат по неговите костими за Ноќта на вештерките и по својата креативност во изминатите 6 години како директор на училиштето. Тој верува дека административните работници во училиштето се мотиватори за сите во училишната зграда – за персоналот.

– Треба да го одржуваме духот и во добрите и во лошите времиња. Ситуацијата е неизвесна. Нема книга во мојата канцеларија што кажува како треба да водите за време на пандемија. Знам дека има многу тажни срца и не можам да седам мирно поради тоа – вели тој.

Директорката на средното училиште „Лејк Мери“, д-р Дона Мики Рејнолдс, се чувствувала исто. Со цел да остане поврзана со учениците, одлучила да ги сретне онаму каде што тие поминуваат најмногу време, па отворила инстаграм-профил.

– Ученици, ми недостига да ве гледам во училишните ходници. Мислам дека можеби е добро време да ве слушнам преку социјалните медиуми. Зошто тоа да не биде Инстаграм?

Рејнолдс е позната по тоа што нејзините видеа со танцување станувале вирални, па сега покажала неколку стилови преку апликацијата „Тик-Ток“, испраќајќи им порака на момците од училишниот одбојкарски тим чија сезона била прекината поради коронавирусот. Видеото било вистински хит кај учениците, и има повеќе од 4 илјади прегледи на „Инстаграм“. Со низа коментари, учениците ја пофалиле идејата на директорката.

 

 

View this post on Instagram

 

Let’s get serious about TikTok. List in the comments below what TikTok dances you know. #lmhs #tiktok #ramthroughthis

A post shared by Dr. Reynolds (@principal_reynolds) on

Во основното училиште „Линч“ во Винчестер, Масачусетс, пак, заменик-директорката Кристин Каподано употребила нетехнолошки пристап за да комуницира со речиси 500 ученици од претшколска возраст до петто одделение. Таа му напишала писмо на секој ученик.

– Петтооделенците примија напишано писмо од госпоѓа Каподано откако училиштето беше затворено. Писмото беше адресирано конкретно до мојата ќерка, па ја прашува дали таа ги подобрува вештините за хокеј и од дома. Нејзините писма направија и јас и децата да се чувствуваме помалку изолирани од училишната заедница – изјави Тамара Пизер Мекдоналд, мајка на ученичка во тоа училиште.

Директорот Орефиче испратил охрабрувачки зборови до родителите: „Постапувајте најдобро што можете и знајте дека ние сме тука да ви подадеме рака на кој начин и да ви е тоа потребно“.

Автор: Алисон Слејтер Тејт

Извор



912

X