Над 200 наслови се дел од библиотеката на „Бокси“ и бројот континуирано расте. „Светот на Биби“, забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни, поучни четива од светот на животните, „Стела и Сани“, „Дневникот на едно шмокле“, „Ешка и Ешко“, „Јазовецот Итре“, „Мимбо Џимбо“ и уште многу други книгички, вели иницијаторот на апликацијата, Димитар Најденов
Првата детска апликација за читање и слушање книги „Бокси“ (Boksy) е достапна за сите љубители на книгата. Апликацијата е наменета за дечиња од 3 до 16 годинки. „Бокси“ претставува иновативен модел на креативен спој помеѓу учењето и забавата, веќе успешно применет на нордискиот пазар. Содржи книги на македонски, англиски и албански јазик. Покрај книгите, во апликацијата ќе има едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување со другарчиња. Мобилната апликација е веќе достапна и може да се преземе од App Store & Play Store.
Димитар Најденов, иницијатор на апликацијата и еден од основачите на Ретинг, компанијата што ја создаде „Бокси“, вели дека „Бокси“ е создадена со една мисла – како времето поминато пред екран да биде квалитетно поминато време?

Од каде потекна идејата на Бокси?

– Сѐ почна од едно прашање: Како да го направиме времето поминато пред екрани корисно за децата? Знаевме дека мора да има поубав и поинтересен начин да ги донесеме книгите поблиску до детскиот свет. И така ја создадовме „Бокси“, со огромна љубов и инспирација од моменталните иновации. „Бокси“ претставува модерен модел на креативен спој помеѓу учењето и забавата, веќе успешно применет на нордискиот пазар.

Од каква важност е постоењето на оваа апликација и колку е важно и литературата за деца да одржува чекор со трендовите и технологијата?


– Апликацијата е направена само за да го разубавува светот на најмладите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето. Знаевме дека мора да ги споиме светот на игрите и светот на книгите. Тоа и го направивме. Со „Бокси“ дечињата можат да одберат свој аватар и да го уредуваат со паричките собрани од секоја прочитана книга. Има еден куп аксесоари/додатоци за аватарчето. Можат да го разубавуваат секој ден. И не само тоа, прочитаните книги им носат парички со кои можат да добијат многу награди, како Робакс картички, карти за кино и зоолошка, играчки и безброј други радости.

Што сѐ ќе може да се најде во библиотеката на „Бокси“? Какви наслови прикачивте?

– Над 200 наслови се дел од библиотеката на „Бокси“ и бројот континуирано расте. „Светот на Биби“, забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни, поучни четива од светот на животните, „Стела и Сани“, „Дневникот на едно шмокле“, „Ешка и Ешко“, „Јазовецот Итре“, „Мимбо Џимбо“ и уште многу други книгички можат да се прелистаат на апликацијата. Во иднина планираме да додадеме уште повеќе едукативни содржини како лектири и едукативни квизови.

Апликацијата е наменета за деца од 3 до 16 години. Што ќе им ставите на дланка на децата?

– Ги имаме најновите и најбарани наслови на пазарот, но исто така може да се пофалиме и со безвремени класици како „Мумин“ и „Малиот принц“. Значи, може да се каже дека апликацијата всушност е наменета за сите возрасти, од 3 до 103.


Претендирате љубовта кон читањето кај децата да започне со „Бокси“… Какво дополнување сакате „Бокси“ да внесе во светот на децата?


– Мисијата на „Бокси“ е иста со идејата за нејзината креација. Само љубов кон книгата и читањето. Сигурно ќе внесе и континуитет во тоа. Сакаме да изградиме здрава навика кај децата. Со „Бокси“ книгите им се достапни секаде, дома, на училиште, во автомобил, на плажа, баш секаде.
Нашето детство беше малку поинакво од детството денес. Ние растевме со печатени книгички и не ни знаевме дека некогаш ова ќе биде толку лесно и толку достапно. Дечињата денес имаат поголема љубов кон дигиталниот свет. „Бокси“ успешно го прави спојувањето на световите.

Кои издавачки куќи се дел од „Бокси“, а кои ќе се приклучат?

– Почнувајќи од Светот на Биби, Батев и нивната едиција Светулка, Бата прес, Антолог, Едука-Мак, Бегемот, ПНВ Публикации, Или-Или, Прозарт, Ѓурѓа, Полица, Три и Паблишер, и многу наслови и аудиокниги од проектот Гутенберг. За брзо очекуваме и наслови од Арс ламина и Стрип квадрат.

На кој начин е овозможена претплатата?

– „Бокси“ функционира со месечна претплата од 199 денари. За тие 199 денари, корисниците имаат пристап до апликацијата и може да ги читаат сите наслови. Моментално нашата библиотека брои над 200 книги, што би значело дека корисниците добиваат книги за помалку од еден денар. Допрва ќе ја надградуваме библиотеката со нови изданија, аудиокниги и квизови.

Во кои размери ќе расте „Бокси“?

– Македонскиот пазар ќе биде освоен за кратко. Догодина планираме да прераснеме од Бокси кидс во Бокси фамили. Ќе додадеме книги и за повозрасни читатели. Потоа се Србија, Албанија, Косово, Балканот, па Европа. За неколку години и светот. Тимот на „Бокси“ расте од ден на ден, а заедно со тимот расте и „Бокси“.



912

X