Игротека

„Димче Мирчев“ од Велес е најдобро украсена градинка

Изминативе десетина дена ни поминаа во духот на празничната атмосфера што владее во градинките. Над 60 градинки од цела Македонија ни испратија фотографии од своите објекти.

Градинката „Димче Мирчев“ од Велес доби најмногу гласови од читателите, над 2,2 илјади лајкови, и е победник на изборот.

Од „Светот на Биби“ одлучија да ги наградат и градинките што ги зазедоа второто и третото место според бројот на гласови: „Кочо Рацин“ во Скопје со 1,5 илјади е на 2. место, а третото место го делат „Јасна Ристеска“ од Охрид и „Рада Поцева“ од Кавадарци со по 1,4 илјади лајкови.

Навистина уживавме во атмосферата што ни ја пренесоа и се воодушевуваме на прекрасните креации што ги направиле вработените во градинките за да им ги развеселат празниците на нашите најмили. Им благодариме на сите што ги отворија своите врати за нас и ни дозволија да бидеме дел од тој магичен свет.

Ви посакуваме среќни празници!

Во продлжение може уште еднап да ги погледнете фотографиите:

Новогодишната атмосфера во градинката „Димче Мирчев“ во Велес

Поврзани написи

To top