Воспитување

Диктатор, попустлив или одлучен – каков тип родител сте вие?

Да се биде родител е прекрасно и застрашувачко во исто време – прекрасно поради искуствата што ги имаме со нашите деца, а застрашувачко поради огромната одговорност што лежи кај нас. Воспитувањето дете не е лесна задача и секој од нас се справува со тоа на свој начин.

Американскиот психолог Дијана Баумринд поголемиот дел од својот живот го поминала проучувајќи ги техниките на воспитување, а во 60-тите години дошла до четири карактеристични пристапи за воспитување.

Родител-диктатор

Некои од нас ги доживуваат своите деца како суштества кои треба целосно да се потчинат на нашата волја. Карактеристично е тоа што таквите родители наметнуваат свои правила и секое отстапување на детето од овие правила резултира со казнување. Истовремено, родителот не му дава никакво објаснување на детето зошто се очекува нешто од него. Детето нема речиси никаква поддршка, на него е само слепо да ги следи правилата. Затоа што мама (или тато) најдобро знае!

Попустлив родител

Сосема спротивно од диктаторски родител е родител кој му дава на детето сè што ќе посака. Ако сте таков тип родител, детето е на прво место за вас – не сакате да бидете ограничени од правилата. Всушност, вие сакате да му бидете пријател на вашето дете, а не родител. Често разговарате со вашето дете, но не му наметнувате заклучоци. Немојте да мислите дека недостигот на структура може негативно да влијае врз вашето дете.

Незаинтересиран родител

Дали ви е позната изреката – ако сакате самостојно дете, оставете го на мир? За незаинтересираните и отсутни родители, оваа изрека е мотото под кое (не) го воспитуваат своето дете. Како да им се „случило“ случајно добивањето дете, па едноставно немаат намера да го задржуваат со правила, да му наметнуваат своја волја или да го насочуваат. Тие едноставно се незаинтересирани за детето и неговиот развој и му даваат слобода да одлучува самостојно.

Одлучен родител

Иако буквалниот превод од англиски би бил „авторитетен родител“, веројатно „одлучен“ е подобро бидејќи тоа е тип на родител кој има правила во воспитувањето, но му ги објаснува на детето на начин што е соодветен за неговата возраст и е лесно разбирлив. Детето точно знае што се бара од него, но и ЗОШТО се бара. Одлучниот родител се грижи за детето, има високи, но не и нереални очекувања од него. Растејќи со такви родители, детето учи да размислува за себе и станува самодисциплинирано.

Каков тип сте вие?

Ништо во животот не е црно-бело, така што ниту еден од нас не е „со двете нозе“ во еден од овие четири типа на воспитување. Со текот на годините може да ни се случи и ние да се развиваме во нашиот пристап кон воспитувањето на детето, а може да ни се случат и „црни дупки“.

Како и да е – бидете НАЈДОБАР родител што можете да бидете за вашето дете.

Извор

Поврзани написи

To top