Зборот играчка ни кажува дека ја потпомага играта на детето и оттаму треба да се види колку играчката е корисна и дали е повеќенаменска.

Родителите најчесто ги преплавуваат децата со најразлични, скапо платени дигитални играчки.

Денес сме сведоци дека и најскапите играчки многу кратко го задржуваат вниманието на детето, па колку е паметно и понатаму да се фрлаат пари на скапи играчки кои најчесто остануваат на полиците неупотребени. За детскиот развој се потреби едноставни играчки, како кукла, коцки, песок, боички, топка, ластик, јаже, каменчиња, капачиња, зрнца…
Се поставува прашањето која играчка е најкорисна за вашето дете?

Одговорот е едноставен – ВАШЕТО ВРЕМЕ ! Времето кое ќе го одвоите за игра со вашето дете е најкорисната играчка што може постојано да му ја подарувате, секојдневно и бесплатно. Доколку играчката ја направите сами, а уште подобро заедно со детето, тоа ќе биде најинтересната и најкорисна играчка.

Следете го нашиот пример, родители во акција!

Едукативните работилници за деца на претшколска возраст добија нова димензија, ја одржавме првата едукативна работилница со родители на тема „Дидактички играчки –направи сам“.
Работилницата имаше теоретски дел, но она што ми остави најсилен впечаток е практичниот дел каде што заедно со родителите, во прекрасна позитивна атмосфера, направивме интересни и корисни играчки кои ги применивме на следните часови.

ПРАВЕТЕ ИГРАЧКИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ, А ПОТОА СЕДНЕТЕ, ОСМИСЛЕТЕ ВАША ПРИКАЗНА И ЗАЕДНО ИГРАЈТЕ СИ!

ТОА Е НАВИСТИНА КОРИСНО ВЛОЖЕНО ВРЕМЕ!

Автор : Цветанка Србиноска, проф. одд. настава и едукатор за деца на претшколска возраст, Адамс едукација – Кичево



912

X