Актерката Џулија Робертс има 3 деца со својот сопруг, режисерот Дени Модер, а таа е една од оние за чии деца не се знае ништо, всушност едвај им се знаат и имињата бидејќи Џулија не открива многу за приватноста.
Нејзините 3 деца, ќерката Хејзел, синовите Финеус и Хенри, пораснале далеку од камерите и покрај фактот што нивната мајка е една од најпознатите актерки во Холивуд. За многумина, Робертс е светски позната актерка и добитничка на „Оскар“, но за нив е само мама. Кога близнаците Хејзел и Финеус биле на возраст од 10 години, а Хенри имал 7 години, немале поим колку е славна нивната мајка, ниту со што се занимава. „Тие не знаеја со што се занимавам“, објаснила актерката, која својот профил на „Инстаграм“ го отвори дури во 2020 година, кога нејзините деца веќе беа тинејџери.
– Тие беа само малечки деца, а јас нивната мајка. Мојата работа никако не влијаеше на нивниот живот. Кога дознаа со што се занимавам, ме прашаа: Дали си ти попопуларна од Тејлор Свифт?
Нејзините деца стекнале појасна слика за тоа која е таа и со што се занимава дури во 2017 година, кога во магазинот „Пипл“, во училишната библиотека, прочитале дека е прогласена за најубава актерка на светот. А како тоа ѝ успеало? Џулија секогаш одбирала улоги така што локациите на снимање да биле во близина на нивниот дом, а кога тоа било можно, нејзиниот сопруг и децата патувале со неа. Така децата никогаш не биле свесни дека мајка им заминува на некоја „особено важна“ работа.
Еднаш, во 2013 година (исклучок) Џулија отпатувала на снимање далеку од својата куќа и деца, а нејзината ќерка Хејзел тој период го нарекла „мрачна доба“. Во приватниот живот, кога Џулија се појавувала на спортските случувања на своите деца, или каде било во јавност со нив, носела бејзбол-капа, очила за сонце и не се истакнувала со својата облека, па едноставно се стопувала во толпата. Исто така, таа и нејзиниот сопруг избрале мало градче за живеење блиску до Лос Анџелес, во кое човек навистина не може да пронајде ништо освен некоја слаткарница и помала продавница. Иако својот профил на „Инстаграм“ го отвори дури во 2020 година, а на „Твитер“ е истакнат само нејзиниот датум на раѓање, во едно интервју за „Ин стајл“ во 2016 година изјавила:
– Ако не сум активна на социјалните мрежи, не значи дека не знам што се случува во светот. Имам пријатели што сè следат, па ми раскажуваат.
Првата семејна фотографија што се појави на социјалните мрежи била за Денот на мајката во 2019 година, а ја поставил нејзиниот сопруг Дени Модер: „Таа прекрасна мајка, во средина! Многу те сакаме!“, напишал тој.
А кога се работи за воспитувањето, Џулија Робертс вели дека е строга мајка. Во интервју за „Сан“ изјавила дека не е од оние родители што губат контрола и им викаат на своите деца и ги казнуваат, но им поставува цврсти граници. Кога ќе се појави проблем, го решаваат со разговор. Исто така, изјавила дека таа и сопругот Дени не сакаат децата да им бидат разгалени, па им задаваат дневни обврски, самите да си ги местат креветите, да ги одржуваат своите соби, да учествуваат во домашните обврски.
912