Речиси секоја вработена мајка повремено, ако не и секогаш, чувствува притисок да биде покрај своите деца што е можно повеќе, а со тоа чувствува и вина кога не може да го реализира тоа. Кога помислувате како и зошто се случува тоа и како може да се реши, сфаќате дека нема многу смисла да размислувате. Но, мајките често не размислуваат објективно, реално или без емоции, нели?
Но, Џенифер Гарнер има неколку збора за да ве утеши ако сте една од тие мајки. Таа е многу зафатена мајка на три деца, но не дозволува да ѝ се јави чувство на каење или вина што е мајка и работи.
-Вработените мајки често се избезумени затоа што постојано ни велат: „Имате 18 години со децата, имате толку и толку време… времето е минливо“ и тоа ни создава паника – истакнала Џенифер Гарнер во интервју.
-Мајка ми секогаш ми велеше: „Ти си нивна мајка засекогаш. Не грижи се, ти можеш да ја работиш својата професија. Твоите деца ќе бидат толку горди на тебе“.
Гарнер потенцирала дека лесно може да се падне во замката на мајчинска вина, особено кога имате работа или други обврски, освен само оние обврски кон вашите деца. Но, тоа не е нешто со кое не можеме да се справиме и не можеме да го поправиме, ако сме свесни и присутни секогаш кога можеме.
„Ако сте навистина радосни и среќни со вашите деца во одреден момент, наместо да се чувствувате како да не можете да бидете добра мајка затоа што сте вработени и да чувствувате вина, подобро е да го прифатите тоа чувство на среќа, секој ден, токму сега, само бидете присутни кога ќе се појават децата и уживајте“, рекла таа.

Гарнер има три деца со поранешниот сопруг Бен Афлек: Вајолет (17), Серафина (13) и Семјуел (11). Таа и Афлек се разведоа во 2015 година по 10 години брак.
Да се биде самохрана мајка во основа е рецепт за уште поголема вина кај мајката и дополнителен притисок да се справува со работите поврзани со децата. Иако ни се чини дека како славна актерка сигурно има доволно време за децата, мораме да запомниме дека актерската работа е доста напорна и дека актерите често поминуваат многу време надвор од дома на подолг временски период. Гарнер вели дека има моменти кога навистина е многу присутна со децата, но има и многу моменти кога не е, токму поради работата и тоа е она што понекогаш тешко се балансира.
-Како и да изгледа вашата „рамнотежа“, само бидете нежни кон себе – истакнала Џенифер, и е сосема во право, бидејќи секој треба да си ја најде сопствената рамнотежа во животот, особено луѓето што имаат деца.
912