Џејсон Момоа го гледал трејлерот од новиот филм за Бетмен со Роберт Патинсон и Зои Кравиц, неговата поќерка. Признава дека е претерано ентузијастичен татко и возбудено раскажува: „Ѝ испратив порака и прашав дали можам да го објавам тоа и да му кажам на светот колку сум горд на неа. Таа можеби не сака, па чекам одговор“.
Момоа и сопругата Лиза Бонет се во брак од 2017 година, но се во врска многу подолго од тоа. Таа има 32-годишна ќерка од бракот со Лени Кравиц, а заедно имаат уште две деца, ќерка и син. За магазинот „Фадерли“ тој зборува за тоа што значи да се биде татко.
– Навистина не знам што сум правел пред да добијам деца. Тоа е смислата на животот за мене. Сакам да бидам татко, животот е толку поубав откако ги добив моите бебиња. Само се обидувам да воспитам добри луѓе кои ќе донесуваат одлични одлуки. Таквото нешто ја извлекува нежноста од вашата душа, ве прави ранлив и ви дава многу сила – вели тој.

На прашањето дали татковството влијае врз начинот на кој ѝ пристапува на својата работа и улогите на кои сака да работи, одговорил:
– Ја немав таа среќа во почетокот како актер. Во првиот дел од мојата кариера беше отворено прашањето на егзистенција. Па не беше: Ох, можам да ги одбирам оние и оние улоги. Сега сум многу среќен што можам да го правам тоа. Одбирам улоги што ќе им се допаднат на моите деца. Мислам дека навистина сум направил работи што може да ги гледаат. Многу пати сум глумел прилично лошо, диви фраери, но убаво е да се прават некои забавни работи. И да се снима комедија. Снимив комедија минатата зима и беше многу забавно, а децата беа таму и беше навистина весело. Многу е забавно кога се на снимање и кога ги слушам како се смеат и гледаат каква будалетинка сум – радосно заклучил Момоа.