Еден маж не ја очекувал реакцијата што ја добил кога ѝ го изнел своето мислење на својата девојка, со која се гледал неколку месеци и која имала три свои деца, за бучната маса во близина.
Тие биле во ресторан и не можеле, а да не го забележат бебето, старо околу една и пол година, на блиската маса, кое, како што подоцна објаснил мажот, врескало 15 минути без да запре. Покрај сето ова, на истата маса имало осум возрасни лица, но родителите се однесувале како ништо да не се случува, целосно игнорирајќи го детското врескање.
Објаснувајќи ја својата необична ситуација на „Редит“, анонимниот 38-годишник рекол дека ѝ искоментирал на својата 35-годишна девојка дека родителите на детето се невнимателни кон другите и дека треба да го отстранат детето од ресторанот бидејќи им пречи на другите гости.
„Ова можеби е непопуларно мислење, но мислам дека еден од родителите требало да го однесе своето бебе во тоалет или надвор додека не се смири. Беше малку невнимателно кон сите други околу нив. На мојата девојка не ѝ се допадна мојот коментар и ме обвини дека сум страшно човечко суштество“, објаснил тој во објавата.

„Таа ме обвинува за целиот проблем бидејќи јас немам деца, па, како што вели, не разбирам како е да се биде родител. Реков дека не мислев на неа и ја прашав како тоа може да ја навреди бидејќи и самата е мајка на три деца. Се обидов да ја смирам, но не успеав“, додал тој, а потоа ги прашал другите корисници на „Редит“ за мислење во врска со целата ситуација.
„Таа добро ти рекла. Не знаеш како е да имаш деца, па не можеш ни да коментираш, особено не пред девојка ти која и самата има деца. И јас би ти се налутила, целосно ја разбирам“, му напишала една мајка.
Сепак, имало повеќе луѓе што застанале на негова страна.
„Родителите навистина треба да го одведат своето дете некаде за да го смират кога се во ресторан бидејќи ако тие можат да го трпат бесот на своето дете, странците навистина не мораат“, е еден од коментарите.