Игротека

Девојчињата се подобри во сѐ, а момчињата добиваат подобро платени работи

Според податоците на „Евростат“, во речиси сите држави на Европа жените се пообразованиот дел од популацијата, па наспроти овој податок, на крајот од месецот, кога ќе се соберат сите резултати, мажите имаат поголеми приходи.

Кога од Европа ќе преминеме на Балканот, жените се исто така оние што имаат поголемо образование од мажите. Кога е во прашање заработката, ситуацијата е речиси иста како и во Европа. Исто така, во исти професии жените имаат помали примања. Во соседна Србија, експертите велат дека платата и угледот на професијата се намалуваат кога се во прашање жените, а на шефовските позиции најчесто се мажи.

Девојчињата повеќе учат и се образоваат, според научни истражувања и подобро паметат, имаат подобра концентрација и постигнуваат подобри резултати на писмени и на усни тестови. Но, момчињата на крајот завршуваат во подобро платените професии.

Експертите сметаат дека е потребно да се работи на понатамошен просперитет и поддршка на жените за да дојде до еднаква заработувачка и кај мажите и кај жените, врз основа на изборот на професијата и работната позиција.

Поврзани написи

To top