Познатиот американски лекар и психолог Леонард Сакс ги напишал и највпечатливите разлики во својот бестселер „Зошто половите се важни?“, а најинтересните ги цитирал на веб-страницата „detstrana.ru“.
1. Девојчињата подобро слушаат од момчињата
И поинаку. Постои едно истражување кое покажало дека кога се работи за распонот на звук помеѓу 1000 и 4000 херци, девојчињата слушаат значително подобро. А човечкиот глас е на 1500 херци. Тоа можеби објаснува многу работи.
2. Тие и гледаат различно
Момчињата се повеќе свесни за движењата и темните бои, а девојчињата се повеќе свесни за својот облик и светлите бои.
3. Момчињата сакаат да ризикуваат
Во која било доба. Обично ги преценуваат своите можности и често се повредуваат. Сето она што е опасно е многу привлечно за момчињата. И добра е идејата за родителите да ги решат работите така што своето момче ќе го запишат на спорт наместо да се обидуваат да го заштитат од ризик. Девојчињата се помалку склони на ризик.
4. Момчињата почесто се расправаат
Верувале или не – 20 пати повеќе од девојчињата. Научниците пресметале. И ова не е чудно. Се навредуваат и се расправаат, па дури и кога се обидуваат да се приближат до некого за да се спријателат. Тоа за нив е облик на контакт. Низ растењето тоа се коригира, но во основата е така.
5. Нивното пријателство е различно
За девојчињата се важни разговорот и заедничките тајни. За момчињата – секојдневните активности. Може да си играат со часови без да разменат збор.
6. Кога девојчето е во тешка ситуација, бара помош од пријателка
Кога момчето има проблем, ги избегнува пријателите.
7. За момчињата, притисокот е мотивација
За девојчињата не е. Момчињата подобро учат ако времето е кратко, под притисок се натпреваруваат. Девојчињата сосема спротивно. Кога се под притисок, често се откажуваат.
8. Нивните мозоци различно се развиваат
На возраст од две години момчињата градат кули подобро од петгодишно девојче, додека девојчињата од три години подобро ги разбираат чувствата на луѓето отколку момчињата на седум години.
Автор: А. Цвјетиќ