Тоа се случи многу одамна, пред 15 години, кога бев почетник терапевт и постапив како што не би постапила сега. На пример, сега на мојата прва детска консултација присуството на членовите на семејството е задолжително од почеток до крај. И потоа…

Дојдоа кај мене родители и буквално „оставија“ седумгодишно девојче на консултација. Прваче со очила.

Не ги гледа луѓето в очи – рекоа тие – и страшно ја малтретира нашата мачка.

-А како е со учењето? – прашав.

-Таа учи сосема нормално, не полошо од другите – одговорија родителите.

-Дали има пријателки? – беше моето следно прашање.

Родителите одговорија нешто неразбирливо и си заминаа, строго велејќи дека треба да се стори нешто во врска со девојчето.

Останавме сами. Почнав да зборувам, да поставувам прашања, како се вика, да ја истражувам животната ситуација. Се покажа дека девојката е многу паметна, разбира прашања, одговара соодветно, го поддржува разговорот. И навистина не гледа в очи. Воопшто!

Збор по збор, полека почнав да го разбирам тоа мало девојче. Многу ѝ недостигаше љубов во животот.

-Многу ја сакаш твојата мачка, затоа ја стискаш така? – наеднаш ми осамна таа мисла.

-Да – рече малото девојче и наеднаш ме погледа право в очи.

-Толку ја сакаш, што едноставно би ја изела?

Да – одговори девојчето и продолжи да ме гледа право в очи.

-Дали толку многу ги сакаш и луѓето и ти недостигаат? А ти си толку лута на нив затоа што не ти обрнуваат внимание?

-Да – уште ме гледа.

-А не гледаш в очи затоа што се плашиш дека луѓето ќе ти го прочитаат сето тоа во очите? И омраза и љубов?!

-Да – повторно повторува девојчето не тргајќи го погледот од мене.

Влегоа родителите. Не знам колку успеав да им објаснам за девојчето во преостанатите 5-10 минути. Но, затоа цел живот се сеќавав на очите на тоа девојче.

И се сетив колку му е важно на човекот, без разлика дали е возрасен или дете, некој правилно да го разбере. Да го разбереме барем во нешто. Таа потреба – да се биде разбран – е многу силна кај луѓето. Кога за време на консултацијата ќе успееме да разбереме некого точно, дури и за момент – тоа има лековито и терапевтско дејство. Во тие моменти човекот чувствува дека навистина некој го гледа, токму таков каков што е.

Во секојдневната комуникација луѓето не се гледаат навистина, туку гледаат пеколна мешавина од сопствените проекции, фантазии, идеализација и демонизација, етикетирање и социјални стереотипи.

Кога последен пат некој не само што ве погледнал, туку и навистина ве видел?

Кога последен пат сте погледнале некого и сте ја виделе личноста таква каква што е?

Автор: Олга Глушаева Сергеевна

Извор



912

X