Воспитување

Девојче што пелтечи му се обратило на Џо Бајден – погледнете ја неговата реакција

Кога американскиот претседател Џо Бајден бил на прослава на Денот на благодарноста на островот Нантукет, му пришло девојче по име Ајвери. 9-годишното девојче му дало до знаење на претседателот дека имаат нешто заедничко: и двајцата се бореле со пелтечење. Во виралното видео е овековечен нивниот состанок и на него може да се види како Бајден му нуди охрабрувачки зборови на девојчето.

Видеото го снимил вујкото на Ајвери, објаснувајќи во описот:

„Мојата неверојатна внука Ајвери се бореше со пелтечење поголемиот дел од својот живот. Човекот кој знае нешто околу тој проблем ѝ рече дека може да биде сѐ што ќе посака. Ден кој никогаш нема да го заборави. Ви благодарам, господине“, напишал вујкото Руфус Гифорд на „Твитер“.

Бајден клекнал за да разговара со насмеаното девојче давајќи му до знаење дека со текот на времето ќе биде подобро ако продолжи да вежба. „Ти ветувам, ќе исчезне ако само продолжиш, во ред?“, ѝ рекол. Бајден ја повикал во Белата куќа, појаснувајќи дека тоа го мисли искрено, а двајцата го погледнале нејзиниот вујко барајќи потврда.

Луѓето се трогнати од овој гест

Повеќе од 2,2 милиона луѓе го погледнале тој убав момент, а многумина оставиле коментари за поддршка.

„Како човек, многу сум трогнат со ова“, напишал еден корисник на „Твитер“.

„Како логопед, разбирам дека тоа би можело да го промени нејзиниот живот на позитивен начин“.

Бајден со години отворено зборувал за своето пелтечење. За тоа како мајка му му помогнала велејќи му: „Џо, не дозволувај ова да те дефинира. Запомни кој си. Џо, ти го можеш тоа“. Овие нејзини зборови ги запомнил и коментирал: „Знам дека звучи глупаво, но навистина е важно“.

Извор

Поврзани написи

To top