11 годишно девојче станало најмладото лице во Велика Британија кое родило дете, според извештајот на лекарот и медиумот „Сан“. Девојчето забременило на 10 годишна возраст и се породила со своето дете на повеќе од 30 недели од бременоста. И мајката и бебето се здрави, но породувањето е изненадување за нејзиното семејство, кое не знаело дека девојчето е бремено.
„Ова беше голем шок“, изјавил извор близок до семејството. „Таа сега ќе биде опкружена со помош од експерти. Главното нешто е дека таа и бебето се во ред“. Но, социјалните служби го разгледуваат случајот.
„Има многу прашања околу тоа зошто луѓето околу неа не знаеле. Тоа е загрижувачко“, сметаат тие.
Лекарката Керол Купер, вели дека ова е најмладото девојче кое се породило, колку што таа има информации. Претходно, друго девојче Треса Мидлтон, се породила на 12-годишна возраст во 2006 година. 12 годишна мајка и 14 годишен татко пак, добиле дете во 2014 година, најниската комбинирана возраст на родители во Велика Британија која е регистрирана. Друго 11 годишно девојче било пријавено дека е бремено во 2017, но „Сан“ не успеале да добијат подетални информации околу исходот на таа ситуација.
Како дете може да забремени на толку рана возраст?
Д-р Купер вели дека пубертетот настапува порано во ова време. „Просечната возраст кога девојче навлегува во пубертет е 11 години, иако може да биде помеѓу 8 и 14, па дури и помлади. Тежината влијае на многуте хормони. Бидејќи децата се сега потешки, пубертетот кај нив настапува порано“, вели д-р Купер.
Но, само затоа што децата кои се толку млади, физички можат да забременат, тоа не значи дека не се вклучени високи ризици.
„Има повисок ризик од раѓање дете со ниска тежина, прееклампсија, предвремено породување и ризик од многу инфекции. Дополнително на потенцијалните компликации за време на бременоста и породувањето, родителите тинејџери исто така многу е веројатно дека ќе го напуштат образованието.

Истите експерти велат дека родителите треба отворено да разговараат со своите деца за сексуалните односи и превентивните методи. Ако дете забремени, тие сугерираат тоа да не се крие и да се пронајде возрасен човек од доверба кој ќе им помогне и ќе им ја пружи потребната нега.
Автор: Бет Ен Мајер