Игротека

Девојче родено во 2020 година мисли дека сѐ околу него служи за дезинфекција на рацете

Пред повеќе од 12 месеци средствата за дезинфекција на рацете и маските за лица се користеа само во болниците.

Сега, семејствата низ целиот свет се приспособија на „новото нормално“ и ваквите производи станаа дел од секојдневниот живот. За децата родени во 2020 година, поинаква реалност никогаш не постоела.

Кети Лајтфут сподели видео што покажува колку лесно можат да се приспособат децата. Имено, нејзиното едногодишно девојче претпоставува дека сè околу него е всушност место за дезинфекција на рацете.

Видеото стана вирално, а додека некои го нарекуваат урнебесно, други сметаат дека ваквите сцени се тажни.

– Кога вашата прва година од животот е 2020, сè е место за дезинфекција на рацете – пишува Кејт под видеото.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top