Воспитување

Девојче родено со трајна насмевка е едно од 14 лица во светот со ваква состојба

Кристина Верчер (21) и нејзиниот сопруг Блејз Муча од Австралија во декември 2021 година ја пречекале својата ќерка Ајла Самер Муча. За време на царскиот рез устата на девојчето не се формирала нормално, па се родила со трајна насмевка на лицето.

На Ајли ѝ е дијагностицирана билатерална макростомија, ретка состојба во која аглите на усните не се спојуваат за време на бременоста. Во медицинската литература се пријавени само 14 вакви случаи.

„Царскиот рез е непријатно искуство само по себе. Лекарите ни го покажаа бебето веднаш штом излезе од утробата. Таа беше многу мала, па веднаш забележавме дека е поинаква. Бевме многу загрижени бидејќи не бевме свесни за оваа состојба, ниту пак сум сретнала некој со макростомија. Тоа беше голем шок“, изјавила мајката.


Состојбата со која е родено девојчето е толку ретка, што првпат ја сретнале австралиските лекари.

„Бевме загрижени дека на лекарот му требаа неколку часа да ни каже што се случи со Ајла. И тогаш дознавме дека тие дури и не знаат многу за тоа. Цела бременост бев толку педантна и не можев да престанам да се занимавам со прашањето каде згрешив“, додала мајката.

Покрај тоа што влијае врз изгледот, состојбата може да ги комплицира и функционалните задачи на доенчето, како што се доењето и цицањето. Од медицински причини, на пациентите со оваа состојба им се советува да направат операција за да имаат функционална уста кога ќе пораснат.

Родителите отвориле профил на „Тик-ток“ во потрага по повеќе информации и подигнување на свеста и Ајла брзо станала ѕвезда на таа социјална мрежа. Едно видео во кое мајката ја дотерува собрало повеќе од 46 милиони прегледи. Луѓето се согласуваат дека девојчето е посебно, а родителите велат дека ќе продолжат да го споделуваат своето искуство за да ја подигнат свеста за ретката состојба.

Извор

Поврзани написи

To top