Воспитување

Девојче од Италија од својата заштеда купило подароци за децата од Украина

Џиоја Марија, 10-годишно девојче од Италија, вели дека би сакало да направи повеќе за луѓето што страдаат од војната во Украина, но дека е „многу мала“. Така, таа се моли секоја вечер. И сака украинските деца да го знаат тоа.

Девојчето напишало писмо на англиски јазик на голем жолт лист хартија и ѝ го дала на мајка си, за да го однесе во црква во која се собираат храна, лекови и облека, кои ги испраќаат во Украина и во пограничните области што примаат бегалци.

„Драги украински пријатели, јас се викам Џоја Марија. И јас сум Италијанка. Многу ми е жал за оваа страшна војна. Моето срце е со вас. Многу би сакала да направам повеќе, но јас сум многу малечка и далеку. Навечер се молам за вас и се молам Бог да ви помогне. Со љубов. Џоја Марија“.

Зад името нацртала шест срца.

Нејзината мајка Кетрин Валерио вели дека Џиоја Марија ја искористила својата заштеда за да купи подароци за украинските деца и да ги испрати заедно со писмото.

„Имам две ќерки на возраст од 10 до 8 години. Ме прашуваат зошто се случува сето ова и, пред сè, што можам да направам за да им помогнам на овие деца“, рекла таа додека волонтерите примале, подредувале и пакувале донации во предградието на Рим.

Парохијата на украинската католичка заедница во Рим станала магнет за донации од целата италијанска метропола. Повикот бил толку успешен што волонтерите морале да ги насочуваат автомобилите што пристигнувале на паркингот.

Џоја Марија се надева дека нејзиното писмо ќе помогне барем малку, за да се олесни болката од целата ситуација.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top