Девојче му одржа лекција на својот татко поради неговиот лош однос кон нејзината мајка.
На „Јутјуб“ беше објавено видео од девојчето Јуанјуан, на кое се гледа што му вели на нејзиниот татко, кој си дошол од работа лут и изнервиран.
– Зошто мислиш дека можеш да ѝ викаш на мама кога си нерасположен? Вознемирен си. Мама те праша зошто, а ти ѝ рече да молчи. Ако не сакаш да ги споделиш твоите чувства, тогаш не носи ја лутината дома. Ние сме само деца, ова нѐ плаши. Знаеме дека работиш многу, но и мама работи – му вели таа на нејзиниот татко.
Девојчето тогаш покажало сочувство и разбирање за нејзиниот татко.
– Ние сме семејство, можеме да разговараме за тоа. Не сме непријатели – вели девојчето.
„Таа е само дете и покажува зрелост каква што немаат некои возрасни“, „Неверојатно е колку добро ги артикулира нејзините чувства“, „Ова дете има висока емоционална интелигенција и мило ми е што таткото ја слуша наместо да ѝ вика“, се дел од многуте коментари.