Игротека

Деветгодишно момче плаче од радост откако ја прими последната хемотерапија – по тригодишната битка со ракот

Деветгодишно дете ронело солзи радосници откако ја примило последната доза од хемотерапијата, завршувајќи ја тригодишната битка со ракот.

Ешли Котер (28) од Норман Оклахома, САД, изјавила дека нејзиниот син Стивен имал шест години кога му била дијагностицирана високоризична акутна лимфобластична леукемија. Почнал со хемотерапија неколку дена подоцна и продолжил да зема лекови во изминатите три години.

Мајката Ешли објавила емотивно видео на „Фејсбук“, на кое тој плаче веднаш откако ја зел последната доза лекови.

„Фала му на Бога! Последната хемотерапија на овој мал човек! Големи солзи радосници“, напишала на видеото. „Извинете што нема звук, но можете да почувствувате“.

Во видеото се гледа како сите лекови на Стивен се поставени на масата додека тој седи потпрен со главата на раката. Почнува да ја мрда главата и неговите очи се полнат со солзи кога сфаќа дека конечно ја победил болеста. Помладиот брат на Стивен и другарчето навиваат за него отспротива, додека ја прима последната терапија, а татко му доаѓа и го прегрнува.

фото: „Фејсбук“ – Ешли Котер

„Имаше толку многу трансфузии на крвта во изминатите три години, толку многу лекови и престои во болница“, изјавила Ешли.

„Драго ми е што тој дел од твојот живот е завршен, Стивен. Драго ми е што се радуваш во овие моменти“. „Многу се радувам за вас. „Ти и твоето семејство имате за што да бидете благодарни“, се  некои од коментарите на интернет-корисниците.

Ешли објавила и фотографии од Стивен.

„Ова е само мал дел од сето она низ кое тој помина во изминатите три години. Моето бебе го победи ракот со насмевка на лицето и со крената глава. Не можам да бидам повеќе горда отколку што сум сега!!!“, напишала Ешли под фотографиите.

фото: „Фејсбук“ – Ешли Котер

Во друга објава, мајката напишала какво било искуството да го гледа Стивен како ја прима последната доза од хемотерапијата.
„Никогаш не сте виделе чиста среќа додека не видите деветгодишно момче како ги исплакува најсреќните солзи, зашто ја победило болеста и ги зема последните лекови“, напишала Ешли и  додала „Моето бебе ги зеде последните лекови плачејќи, но со насмевка на лицето! Господ да го благослови моето семејство!“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top