Иако не е добро претерано да се одбива детето, важно е понекогаш да му се каже „не“. Детскиот психолог Лори Маркам објаснува како да се најде рамнотежа, односно кога на детето дефинитивно треба да му се каже „не“.
1. На паркинг
Децата се премногу мали за возачите да ги видат зад автомобилот на паркингот, што може да биде фатално. Мора да ги предупредите да ве држат за рака на паркингот или да се држат за количката. Бидете транспарентни, но и емпатични – кажете им да не трчаат по паркингот, туку да бидат до вас бидејќи животот може да им биде сериозно загрозен, советува Маркам.
2. Ако вашето дете повредува животни
Децата не разбираат дали повредуваат куче или маче, но кога тоа ќе се случи, морате да им кажете „не“. Маркам препорачува да покажете сочувство. Кажете му на вашето дете, на пример: „Кутро маче. Биди добар со него“.
3. Ако детето уништува лични предмети
Детето не може да влезе во собата на својот брат и сестра и да направи хаос затоа што им е лут. Мора да го научите да ги почитува личните предмети на друго лице.
4. Ако се соблекува во јавност
Во нашето општество разголеноста во јавност е погрешна во одредени години, а Маркам вели дека границата е во четвртата година. Некои делови од телото се приватни и не се споделуваат со секого, посочува Маркам.
5. Кога не се однесува пристојно во ресторан
Ако детето не ги следи правилата на системот во кој живее, мора да го запрете. Многу е веројатно дека некој ќе го згазне детето во полн ресторан или некој ќе биде сопнат и ќе падне. Другите имаат право да вечераат на мир, па затоа, смирете го вашето дете.
6. Во авион
Авиокомпаниите имаат свои правила кои мора да се почитуваат, без оглед на возраста. Детето не смее да го шутира седиштето пред себе, да ја повлекува полицата нагоре-надолу, да вреска и слично. Сепак, долгото седење е здодевно за детето, па прошетајте го низ авионот секогаш кога е можно.
7. Кога го учите за непознати луѓе
Странците се деликатна тема затоа што ние, возрасните, постојано разговаравме со нив. Децата мора да знаат дека постојат безбедни странци. На повеќето возрасни може да им се верува, но ова се однесува на ситуација во која детето е само, без возрасен човек во кого има доверба. На децата треба да им се каже никогаш, под никакви околности да не одат некаде со луѓе што не ги познаваат, советува Маркам.
8. Кога детето прави планови со некој пријател
Правило во семејството на Маркам е дека не може да го раскинеш договорот за дружење што си го направил со некого само затоа што си добил подобра понуда. На пример, ако детето планирало да се дружи со пријателите по училиште, а други го викаат на сладолед, тоа не може да го одбие првиот пријател само затоа што другата понуда повеќе му се допаднала. Се разбира, тој може да го покани првиот пријател на сладолед.
9. Кога претерува во користењето на електронските уреди
Треба да знае детето колку време да го користи мобилниот,комјутерот или друг електронки уред. Прекумерното користење може да имамногу негативни последици. Затоа НЕ, треба да значи не, односно да се придржува кон времет кое е зададено за користење.