Поради многуте задачи вклучени во подготовката на детските роденденски прослави, често се извор на стрес за оние што ги организираат, најчесто родителите. За среќа, доброто планирање може да помине супер и да не предизвика главоболка кај родителите.

Одвојте најмалку два часа за да направите план според задачите и избегнувајте непријатни ситуации што можат да се појават само затоа што не сте испланирале нешто навреме. Организацијата на овој среќен настан се состои од различни задачи, а секоја бара време и метод за извршување. Еве кои задачи треба да ги завршите за роденденот да биде успешен.

Одредете го датумот на роденденот – како и со секоја организација на настан, ова е првото и основно нешто што мора да го одредите. За прослава на отворено ова е особено важно бидејќи треба да ги земете предвид временските услови.

Одредете ја локацијата на прославата – ако имате сопствен двор или градина дома, тоа најверојатно ќе биде вашиот прв избор. Најголемата предност на оваа варијанта е сосема очигледна – не мора да носите ништо на друга локација.

Друга опција е прослава во викендица – доколку немате, можете да изнајмите. Трета варијанта е прослава во еден од градските паркови – и оваа опција почнаа да ја користат голем број луѓе.

Запишете го бројот на гостите – потребен ви е вкупниот број на гости за точно да ја испланирате количината на храна и потребните додатоци, но и да го поканите секој гостин навреме.

Испратете покани – секако, тоа да биде во зависност од возраста на детето. Ако вашето дете е во предучилишна или училишна возраст, вклучете го во изработката и делењето на поканите. Во случај да организирате прослава на прв или втор роденден, можете да испратите покани во форма на СМС или некоја од многу погодните роденденски мобилни апликации и на тој начин да заштедите време и пари.

Направете мени и листа за купување – иако ова се две посебни задачи, добро би било да ги направите во исто време. Така, ако на пример, напишете сендвичи во менито, веднаш запишете на посебен лист хартија (или апликацијата што вообичаено ја користите за купување) колку и каков леб, намаз, шунка, сирење или нешто друго што треба да се купи. Тоа е најпребирливиот дел при организирањето на секоја прослава, но во ваш најдобар интерес е да не трошите премногу пари поради преголеми количини.

Изберете украси – доколку сте решиле да користите балони, разни лампиони или знамиња, мора да ги купите навреме. Додатоците вклучуваат и свеќи за торта, сламки, пластични/хартиени чинии и чаши, како и прибор за јадење, салфетки и кеси за ѓубре. Во случај да организирате прослава дома, размислете да користите барем дел од вашиот прибор и на тој начин намалете го количеството отпад што ќе остане по прославата.

Купете ги потребните работи – мора да го запишете шопингот во вашиот неделен распоред, т.е. во одреден ден и време. Дополнителна предност на добрата листа е тоа што ќе ги имате сите потребни елементи однапред за да ја препуштите оваа задача на некој друг, кога ќе дојде време. Исто така, имајте на ум дека можеби ќе треба да одите во некои специјализирани продавници за додатоци и украси, односно нема да можете да ги купите на истото место како и храната.

Изберете торта – добро е да земете препорака од другите родители кои биле задоволни од местото каде што ја нарачале тортата.

Изберете активности (игри) за децата – определете како децата ќе се забавуваат, односно не дозволувајте да се досадуваат бидејќи тоа може да ја уништи целата прослава. Игрите ќе зависат од нивната возраст, интереси и бројот на деца. Прославата на отворено ви дава различни забавни опции кои не можете да ги користите во стан, како што се игри со топка или игри со вода. Како и кај храната, се работи за избор, запишување и физичко извршување на задачата. Ако имате технички можности за тоа, направете ја атмосферата на прославата уште подобра со музика.

Бидете флексибилни за датумот – ако роденденот на вашето дете е во постуден дел од годината, а сите сакате да го прославите на отворено, размислете за поскромна прослава во затворен простор на самиот ден (или целосно прескокнете ја, ако детето сè уште не е свесно за датумот). Ако имате неколку деца на слична возраст и интереси, организирајте им заедничка прослава на отворено, без разлика на нивните индивидуални родендени – на овој начин ќе бидете малку поангажирани, но само еднаш наместо два или повеќе пати.

Ангажирајте аниматори ‒ доколку вашите финансии дозволуваат, ангажирајте аниматори за вашето дете и неговите мали гости. Компаниите што даваат ваков тип услуги во својата понуда имаат цела палета на роденденски пакети, а покрај разните детски игри, на располагање ви стојат и кловнови и магионичари.

Вклучете го детето во организацијата

Во зависност од возраста на детето, освен поканите, може да ви помогне и со други подготовки. Однесете го на шопинг и оставете го само да стави што може во количката, а вие само контролирајте според списокот. Дозволете му да ви помогне со идеи за игри на отворено, како и за украсување на просторот и поставување на масата. Можеби во некои ситуации тоа малку ќе ви ја отежне организацијата, но дозволете му да разбере колку работа се крие зад прославата и колку сте вклучени во тоа да му ја овозможите.

Автор: Тамара Кајари
Извор

Бонус: Купете подароци за роденден

Да не заборавиме, децата најмногу се радуваат на подароците. Секогаш кога сте во дилема каков подарок да изберете, не двоумете се, Светот на Биби има одлични производи наменети за децата. Одберете сликовница, книга, играчка или друштвена игра. Децата ќе уживаат, а друштвените игри може да ги играат заедно со семејството и другарчињата и со тоа задоволството ќе биде заедничко.



912

X