Родителството може да биде предизвик, па затоа е корисно да побарате совет за тоа како да си олесните при извршувањето на таа најважна работа на светот. Д-р Робин Кословиц напишала статија за „Психологија денес“ за кратките зборови што ги сакаат родителите, но и за оние што би сакала родителите да престанат да ги користат.
„Забораваме дека постојат едноставни промени кои можеме да ги направиме и кои можат да помогнат. Јазикот има голема моќ“, објаснила таа.
Користењето и избегнувањето одредени зборови може да го преобликува начинот на кој се однесуваме со децата и да ги направи семејствата посреќни.
Два збора што родителите треба да престанат да ги користат се „само“ и „но“.
-Замислете некој да ви каже „само“ да постигнете гол. Можеби ќе успеете, но веројатно тренирате и вложувате труд, така што веќе не е „само“. Кога ќе му кажете на детето дека е прекрасно, но дека треба да работи на оценките, тогаш вие го негирате она што било кажано пред „но“. Наместо овие зборови, психологот советува почесто да ги користиме зборовите „и“ и „пред“.
-Кога велиме „и“, го потсетуваме детето дека две навидум контрадикторни работи можат да бидат вистинити во исто време. Зборот „и“ ни помага да пренесеме љубов и верба кај децата. На пример, можете да му кажете на детето дека е вредно и одговорно и дека мора да смислите начини кои ќе ви помогнат да запомни да ја заврши домашната задача. Целта е да се увериме дека децата знаат оти ги сакаме, но дека секогаш има нешто што можат да научат. Едното не го поништува другото – вели таа.

Од друга страна, за зборот „пред“, д-р Кословиц наведува дека нѐ потсетува да му веруваме на процесот на растење на нашите деца.
„Децата не го менуваат своето однесување освен ако додека не бидат развојно подготвени или на друг начин мотивирани да го сторат тоа. Не можеме точно да предвидиме кога или како ќе се случи тоа. Не можеме секогаш да го замислиме настанот, пријателството или новата средина што ќе ја катализира промената кај нашите деца. Но, тоа не значи дека промените не доаѓаат“, заклучила таа.